Професорката Виолета Ачкоска од денешната конференција посветена на Меѓународниот ден на жената Осми Март, која што беше во организација на ВМРО-ДПМНЕ упати повеже пораки кои се однесуваат за суштината на празнувањето на овој празник како и за нејзините очекувања за тоа што таа подразбира со полова и човечка рамноправност и еднаквост.
Во продолжение во целост ја пренесуваме нејзината порака од денешниот настан:
“Мислам дека сеуште жените не се доволно застапени во сите сфери на општествениот живот. Кога одиме да бараме проценти- толку проценти да има жени некаде, тоа значи дека сеуште жените се борат за свое место во општеството. Би се навратила на мислата дека степенот на еманципација на едно општество го одразува и степенот на еманципација на жената.
Нашата жена треба да се буди сеуште во еден свет кој што е недоволно едуциран, каде патријархалната и машката доминација е сеуште присутна. Сите ние како жени кои ете денеска присуствуваме на оваа конференција која е во право време, свикана токму и пред нашите парламентарни избори, сме го чувствувале тоа во нашата професионална кариера. Дека секогаш малку сме биле потценети, бидејки сме припаѓале на некаков пол.
Треба конечно да ја прифатиме таа максима дека луѓето не треба да се делат ниту на пол, ниту на религија ниту на идеологија туку едноставно човекот треба да биде човек и да се вреднува според неговите квалитети, стручност и на крај чесност и човечност.”


