Пратеникот Драган Ковачки во јавноста алармираше за аномалијата која што се случува во Министерството за одбрана под раководство на Министерката Славјанка Петровска од СДСМ и нејзиниот заменик од ДУИ.
Станува збор за противзаконско дејствување во однос на исплатата на платите на вработените во Министерството за одбрана алармира Ковачки.
“Одбраната ја водат тотално неспособни и крајно неодговорни лица од СДС и ДУИ. Славјанка Петровска како министер и професорот по физичко од ДУИ како нејзин заменик, продолжија да го распаѓаат системот на одбрана на државата, а штетата што ја нанесуваат ќе ја трпат сите.
3 пат кажувам, платите на вработените треба да бидат согласно Законот што го изгласавме во Собрание.
Министерот за одбрана го прекрши Законот за Служба во АРМ во членовите 147 и 185 којшто налагаат една вредност на бодот, а не да има над 30 различни вредности на бодот. Согласно кажаното, Министерот за одбрана потпишала Решение за различни вредности на бодот, што не е во склад со Законот.
Со крадењето на законското покачување на платите на вработените, создадоа дополнителен проблем за идните рaководства на Министерството за одбрана кои ќе треба да исплаќаат и судски трошоци заради тужбите кои се предодредени да ги изгубат во спорот со вработените.
*Раководството на МО нека не мисли дека ќе биде како и досега, односно дека изгубените тужби ќе ги покриваат граѓаните.
Одговорноста ќе падне на тие што потпишувале и знаеле што потпишуваат.
За несовесното работење ќе си платите од џеб за да бидете пример за останатите.”
-стои во реакцијата која што ја упати во јавност пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.