Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на својот фејсбук профил уште еднаш ги истакна двата услови со кои ВМРО-ДПМНЕ сака да го заштити здравјето на граѓаните и о да обезбеди кредибилни фер и демократски избори.
Неговата објава ја пренесуваме во целост во продолжение:
“ВМРО-ДПМНЕ има два услови:
1. Изработка на протокол кој ќе го заштити здравјето на граѓаните!
2. Меѓународно надгледување на изборите од страна на ОБСЕ/ОДИХР!
Апелираме до Претседателот Пендаровски да не подлегнува на притисоците, добро знаеме што прават. Да го заштити здравјето на граѓаните и правото на живот, тоа мора да му биде приоритет.
Ова се моменти кога се одлучува за иднината на Република Македонија и за животот на граѓаните, за овие работи не смее да има компромиси.
Короната е предизвик со кој само сплотени и разумни можеме да се справиме.”