• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

ВМРО-ДПМНЕ изнесе информации за постоење на основано сомневање за злоупотреба на фондовите на ЕУ во Македонија

октомври 4th, 2019 Македонија, Политика коментари 616

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
ВМРО-ДПМНЕ изнесе информации за постоење на основано сомневање за злоупотреба на фондовите на ЕУ во Македонија

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција обелоденија информации според кои постоi основано сомневање за злоупотреба на пари од Европските фондови.

Во продолжение ја пренесуваме интегрално прес конференцијата на Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ:

Власта на СДСМ е корумпирана до коска. Од највисоките до најниските ешалони на власта, се е заглавено во криминал. Се местат тендери, се рекетира, се ограбуваат буџетски средства, а по се изгледа малку им се парите на македонските граѓани, па решиле да ги пустошат и европските фондови.

ВМРО-ДПМНЕ има сериозни сомненија дека милиони евра од европските фондови се злоупотребуваат преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. За да имате претстава за колкави средства станува збор, само ќе напоменеме дека агенцијата за 2018 година располагала со буџет од приближно 6 милиони евра.

Сознанијата кои ги имаме укажуваат на тоа дека преку сомнителни одлуки на сомнителни евалуатори, едни исти невладини организации постојано добиваат голем дел од колачот, а не останале со куси ракави и луѓе кои биле дел од судската власт. Постојат сомненија дека луѓе инволвирани во целиот процес, толку биле охрабрени што дури и преку електронска пошта барале процент од парите кои би биле доделени за одреден проект, а како против услуга ја нуделе нивната помош и посредување. Стотици илјади евра на агенцијата се трошени и на сомнителни набавки кои треба да бидат интерес на органите на прогонот.

Почитувани,

Наместо националната агенција да работи транспарентно и отчетно, тие ги кријат податоците за резултатите од добиените грантови.

Имено, резултатите од првиот рок на аплицирање за проектите од клучна акција (КА105) кој што беше до 5-ти односно 12-ти февруари 2019 година, Националната агенција во Македонија ги објави на 08 јуни 2019 година. Четири месеци подоцна. На овој начин, на апликантите кои беа одбиени во првиот рок на аплицирање им беше одземено правото своите проекти да ги корегираат и со нив да аплицираат во вториот рок во април.

Само како пример ќе наведам дека Националната агенција на Португалија резултатите ги објави на 6 – ти април, на Финска на 29 март, Националната Агенција во Летонија на 19 април. Со жалење констатирам дека истото се повторува и сега во месец август и септември.

Денес, јасно е дека, во обид да го попречи развивањето на домашниот невладин сектор, директорката на НА – госпоѓа Лидија Димова, од само нејзе познати причини, на нетранспарентен начин ги води сите постапки за доделување на средства на невладини организации. Ненавремено објавените резултати за кои зборуваме ги немаат ниту потребните информации, кои според строгите правила на Еразмус мора да бидат објавени. Во резултатите недостасуваат информации за тоа колку вкупно проекти аплицирале, кои од проектите се на листата за чекање, со колку поени се бодувани аплицираните проекти, како и областите и насловите на проектите. Од прикажаното не може да се види ниту името на проектот, ниту колку бодови имаат наградените проекти.

За споредба, да ја земеме Националната Агенција на нашиот сосед Бугарија која резултатите уредно ги објави на веб страницата на 25 Април, 2 месеци пред македонската НА. Од објавените резултати може да се видат следниве информации: име на организацијата, име на проектот, град, вкупен број на поени кои што ги добил проектот, како и финансиската конструкција на проектот. Графите се поделени на проекти кои се одобрени од страна на НА, проекти кои се на листата за чекање и проекти кои се одбиени. Од анализата која што ја направивме на таков начин резултатите ги објавуваат и НА на: Италија, Финска, Летонија, Хрватска, Португалија. Видовме деновиве имало средба со Португалската НА, па раководството на нашата НА можеле да ги прашаат како се вршат транспарентни распределби на средства.

Но, за разлика од нив, очигледно госпоѓата Лидија Димова и нашата Национална агенција, во желба нешто да скријат, објавуваат само оскудни информации за одобрените средства. Да не забораваме дека Лидија Димова, додека беше во опозиција не престануваше да зборува за транспарентност, отчетност и непартизираност.

Затоа прашуваме: Дали намерно постојано се доцни со објавување на информациите за да се фаворизираат одредени организации на сметка на останатите?

Ова доаѓа од фактот што евидентно од нашата анализа е дека 4 од 6-те организации кои во првиот циклус во февруари 2019 добиле грантови само во оваа клучна акција 105, се грантисти од изминатите години на владеењето на Димова, така на пример: Европски Културен Епицентар – Битола (добил 2 грантови), Младинска Алијанса Крушево – Младински сојуз Крушево (3 грантови), Сумнал Скопје (5 грантови) и Мрежа за доживотно учење Тетово (2). Зборуваме за вкупна сума од околу 170.000 евра. Ако побарате информации за овие организации, ќе видите дека дел од нив немаат достапни годишни извештаи, а раководната структура се крие како змија нозе. Ако ги видите пак нивните активисти, ќе видите дека дел од нив беа исклучително активни во т.н. граѓански протести кои го донесоа СДСМ на власт. Табелите со НВО-ата и доделените средства ви ги доставуваме за ваша понатамошна анализа.

Да потсетиме дека во овој случај не се работи за лични пари на госпоѓата Димова, туку за средства на граѓаните на ЕУ, за кои Европската комисија води посебна грижа. Еразмус+ програмата е финансирана од Европската Комисија и за непочитувањето на правилата и нетранспарентноста на нашата НА ќе бидат известени и соодветните органи во Комисијата.

Затоа што ова е само мал дел од скандалозното раководење на НА, прашуваме и:

  1. Дали на овој нетранспарентен начин, Лидија Димова преку НА сака да му наштети на цивилниот сектор во Република Македонија и да се спречи негово слободно развивање без контрола од власта?
  2. Дали Националната агенција и доделувањето проекти е директно контролирано од една невладина организација која е блиска до Лидија Димова и до уште неколку пулени на сегашната власт на СДСМ, меѓу кои и министри, заменици министри и сегашни и поранешни функционери?
  3. Дали Националната агенција наместо парите да ги распределува на НВО и образовни институции во крајно спорен процес, троши над 6 милиони денари за себе промоција и маркетинг?
  4. Дали Лидија Димова доделува огромни финансиски средства на подобни луѓе од правосудниот свет, со цел корумпирање и нивно придобивање во борбата со политичките неистомисленици?

Време е за одговорност на менаџерите на институциите, заради срамот и омаловажувањето кое и се случува на Република Македонија, особено во областите кои се од интерес на младите а поддржани од Европската Унија. Но кон ЕУ не се оди со празни фрази за блескање и исполнување критериуми а од друга страна со крајно сомничав и нетранспарентен пристап во работењето.

Одговорност и одговори мора да има.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава До каде е реализацијата на проектите од програмата на Градоначалникот на Виница, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Следна објава Aктивисти му влегоа на Макрадули со "клизачи" на негов терен
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 533
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 511
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 518
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1164
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 495
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 563
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 302
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 383
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 528
Жена на денот
Кели Брук- модел кој плени со своите облини

Кели Брук- модел кој плени со своите облини

2042
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2139
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201919
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот
Маж на денот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ное 21st, 201819
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.