• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

ВМРО ДПМНЕ со конкретни дела а не со лажни ветувања

октомври 3rd, 2017 Регион коментари 698

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Во Општина Кочани живеат граѓани кои заслужуваат да продолжат да живеат во општина во која има економски развој, станува убава и модерна и се стреми да ги задоволи апетитите на секој жител, без разлика дали е од урбаниот или руралниот дел, истакна кандидатот за градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ратко Димитриевски.

-Граѓаните на Кочани заслужуваат, искреност од кандидатите за Градоначалници. Ние како ВМРО–ДПМНЕ, имаме конкретни планови и конкретни проекти кои директно влијаат на подобрување на животот на граѓаните на општината. А, со нашето искуство имаме точен увид од потребите на граѓаните во општината, што за таа сметка имаме изработени проекти со точни и прецизни податоци кои ќе ветиме затоа што и ќе го оствариме ветувањето. Јас како Градоначалник заедно со Советот на Општина Коачни, во изминатиот мандат покажавме дека Кочани може да биде подобро место за живеење, дека Кочани заслужува да добие шанса за да ги подобри условите за живеење на кочанчани, ветувањата од претходните Програми можете да ги проверите во Отчетите кои Ви ги даваме, се со цел да не проверите и да се убедите дека Ние сме луѓе – Ваши сограѓани кои се држиме до дадениот збор, вели Димитровски.

Тој додава дека дојде време кога пак се гледаме во очи и треба пак да го дадеме нашето ветување, а вие да ни ја дадете Вашата поддршка за да ја исполниме нашата нова програма за следниот мандат од 4 години,  која и овој пат е амбициозна, но за нас е остварлива.

-Ќе Ви претставам еден мал дел од позначајните планирани проекти од мојата програма за Кочани: Изградба на пречистителна станица за отпадните води во општина Кочани. Започната реализација на проектот за изградба на пречистителна станица и изградба на колекторски систем за отпадни води со што ќе се реши проблемот со отпадните води во општина Кочани, проектот е во висина од 21 милион швајцарски франци. Изградба на брана „Речани“ на Оризарска река. Активностите продолжуваат околу изградбата на браната „Речани“ на Оризарска река, капитален проект кој е важен за источниот регион и кој е со вредност од 38 милиони евра, досега се завршени сите истражувања и подготвена е целокупната документација, пробиен и асфалтиран пристапен пат до самата брана, а последно е што се избра и изведувачот на самата брана. Изградба на експресен пат Штип – Кочани, се предвидува изградба на нов експресен пат Штип – Кочани, бидејќи моменталните сообраќајни и технички решенија на постојниот пат не ги задоволуваат потребите на возачите и безбедноста на сообраќајот. Со изградбата на експресниот пат Кочани ќе добие едно современо инфраструктурно поврзување што ќе се олесни сообраќајната комуникација. Вредноста на патот е 55 милиони евра. Изградба на два кружни тека, едниот на западниот дел на општината, кој ќе биде и приклучок кон новиот Експресен пат, а со тоа Општина Кочани ќе добие нова, функционална, прегледна и модерна патна инфраструктура и при самото влегување во општината ќе се остави добар впечаток, а вториот во централно градско подрачје за побрза фрекфенција на возилата, помеѓу улиците: „Никола Карев“, „Стево Теодосиевски“, „Глигор Апостолов – Гочо“ и „ВМРО“, со што ќе се замени досегашното семафорско решение. Развој на Спортско рекреативниот центар Пониква и изградба на водоводна и канализациска мрежа Продолжуваме со афирмација на Спортско рекреативниот центар Пониква на национално и меѓународно ниво. Развој на зимските спортови, создавање капацитети и услови за воведување на регуларни и екстремни дисциплини кои ќе ја збогатат туристичката понуда. Со цел понатамошно унапредување, подобрување и зачувување на здравјето и поттикнување на интелектуалнот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето, планирано е и понатаму да се инвестира во проширување на капацитетите во детските градинки со што е планирано отворање на уште клонови на ЈОУДГ Павлина Велјанова во населбата Дарчевик со капацитет до 120 деца и во населеното место Тркање со капацитет до 50 деца. За развој на масовниот спорт и на спортот за сите, најдобар начин да се создадат услови е преку изградба на повеќенаменски игралишта. Повеќенаменските игралишта ќе бидат изградени во склоп на ОУ „Малина Попиванова“, во с. Нивичании во с .Грдовци, потенцираа Димитровски.

Тој додава и дека ќе се реновира градскиот стадион „Никола Мантов“, реконструкција на трибините преку поставување столчиња, како и реконструкција и реновирање на соблекувалните и тревната површина со систем наводнување.

-Започната е целосна реконструкција на општинската зграда со замена на кровната конструкција и добивање на одреден простор кој ќе е наменет за Советот на општина Кочани и разни други состаноци, поставување на термо фасада и замена на електричната инсталација со што би се добило енергетско ефикасна градба, а со тоа би се подобриле и условите за работа на администрацијата. Проектот е со вредност од 10.000.000 денари. Изградба на катна гаража. Во централното градското подрачје кај поштенската зграда ќе се изгради катна гаража во која би се паркирале одреден број на возила. Со тоа би се намалил метежот од сообраќај во центарот на градот. Продолжуваме со асфалтирање на голем број на нови улици во градот Кочани и населените места и реконструкција на постојаната инфраструктура на територија на Општина Кочани. Асфалтирањето на улиците ќе го продолжиме во интензивен континуитет и за мандатниот период е планирано асфалтирањето во град Кочани да е повеќе од 10 км, додека во населените места повеќе од 15км. Програмата што ја нудиме е реална, остварлива која бара напорна работа и голема посветеност. Нудиме просперитет, сигурност и можност за Општина Кочани да продолжи по патот на развојот. И знајте со Нас сте на чисто, секогаш имате можност да не проверите, затоа што она што го ветуваме и го реализираме. Секогаш работа – секогаш Македонија, кон нови предизвици на 15-ти октомври излезете масовно гласајте за реден број 13 за да ја отпочнеме новата ера на Кочани, потенцираше Димитровски.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Саат кула -Штип
Следна објава Силување под закана за живот во Делчево
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 423
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 630
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 580
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 676
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 604
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 478
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1482
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 419
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 638
Жена на денот
Ева Грин e една од најелегантните femme fatale во светот која држи до својот див карактер

Ева Грин e една од најелегантните femme fatale во светот која држи до својот див карактер

1136
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1225
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202237
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.