Реки од народ ги окупираа улиците во центарот на Скопје на вечерашниот протестен Марш за правда во организација на ВМРО-ДПМНЕ,
Огромната поддршка на настанот од страна на граѓаните која е видлива на фотографиите следува по минатонеделното бледо издание на ист ваков протестен марш организиран од страна на СДСМ кога владеачката партија протестираше против самата себе.
Вечерва на настанот пред присутните граѓании се обрати Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој зборуваше за неправдите нанесени врз Македонските граѓани од страна на Зоран Заев кој кај себе ги присвои најмоќните функции во државата на Премиер, Обвинител и Судија кршејки ги сите закони и Уставот.
Правдата е нападната од неправдата, тука сме да ја кажеме вистината дека судската и обвинителската власт е брутално згазена, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот масовен протест против неправдите.
-Аудио материјалот докажува и покажува мафија. Мафија која владее со секоја пора власт која треба да е независна, а не е! Мафија која ја одзема слободата и правдата. Мафија која три години е сојузник со криминалот кој останува неказнет. Мафија која ослободува убијци на мали деца додека премиерот си прави селфи со убијците. Додека родителите на чедата од Смилковско со грч и горчина во срцата од неправдите живеат со помислата дека убијците се на слобода. Мафија која диктира обвиненија, диктира пресуди на судии. Мафија која како свое царство го негува хибридниот режим на Заев, истакна Мицкоски.
За сето ова, порача Мицкоски, виновен е Зоран Заев.
Пред почетокот на говорот на Христијан Мицкоски на настанот беше интонирана Химната на Република МАкедонија по што толпата народ на целиот свој глас почна да скандира:
“Никогаш северна, само Македонија”.


