Во Берово денеска гласаат 124 болни и изнемоштени лица. Според информацијата од претседателот на ОИК Мишо Догазански, избирачките материјали се поделени на сите 16 избирачки одбори и гласањето се одвива без проблеми.
Во Берово за утрешните локални избори во Избирачкиот список се запишани 11.164 граѓани со право на глас.
Во Пехчево денеска гласаат 56 болни и изнемоштени лица. Според претстедателот на ОИК Горан Котевски, се гласа без проблеми, а деветте избрачки одбори досега не пријавиле проблеми при гласањето на болните.
Во Пехчево на овие локални избори право на глас имаат 4.259 граќани.