Во рамки на проектот за “Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новооснованите граѓански организации” финансиран од ЕУ, денеска во Делчево се одржа втората работилница за изработка на Стратегија на општина Делчево за соработка со граѓанскиот сектор.
Организатор на настанот е Регионалниот центар за застапување Делчево во соработка со општина Делчево.
Во работниот дел на работилницата се определи Визијата на Стратегијата и областите за соработка, вредностите, како и механизмите за соработка кои ќе бидат составен дел на самата Стратегија.
Документот според планот на активности на експертот кој е ангажиран во самиот процес како готов ќе биде понуден на усвојување на Советот на Општина Делчево кон крајит на месец август оваа година, по што Советот ќе мож