• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Во источниот регион бројот на добиток опаѓа а сепак ќе се гради Регионална Кафилерија за животински мрши во општина Лозово

јуни 7th, 2021 Регион коментари 890

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Во источниот регион бројот на добиток опаѓа а сепак ќе се гради Регионална Кафилерија за животински мрши во општина Лозово

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово, Бошко Цветковски во своја реакција упатена до јавноста го критикува “лицемерието” на градоначалникот на општина Лозово Ацо Велковски во врска со неговите “акции на популизам и лицемерие” за зачувување на животната средина

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Лозово покрај штетните постапки на градоначалникот Велковски во врска со заштитата на животната средина го посочува и за постапката за изградба на субјект во близина на семејните куќи во Лозово за справување со мрши на домашни животни.

“Почитувани,

Градоначалникот во заминување ,Ацо Велковски директ од ветената земја, по повод „Светскиот ден на животна средина“ повторно спроведува „Акција на Популизам и лицемерие“

1.Најпрво бевме сведоци како се сечат повеќегодишни дрва во кругот на општината за кои се сомневаме дека не била издадена дозвола за сеча,што по закон е кривично дело.

2.Никој не знае каде завршиле и за кои цели биле искористени пресечените дрва.

3.Се грижиш за животната средина но ги уништуваш белите дробови на природата…Лицемерно нели?

4.Садиш зимзелени дрва и половината од нив ти се суви бидејки никој не ги полевал со вода.

5.Диви Депонии имаш на секој чекор и воопшто не водиш грижа за нив.

6.Пречистителната станица за отпадни води ти е исклучена од употреба и предизвикуваш фекално загадување на огромна земјена и водена површина а притоа сеуште наплатуваш по 10 денари од кубик потрошена вода за одржување на канализационен систем како би работела истата.

7.Вршиш промена на индустриската зона од лесна незагадувачка индустрија во загадувачка и притоа во отсуство од Германија држиш предавања како се грижиш за животната средина?

Но знаете што е врв на лицемерието?! Тоа што сите сме сведоци како Градоначалникот на о.Лозово, Ацо Велковски без согласност од ГРАЃАНИТЕ и без ОДЛУКА на СОВЕТОТ на о.Лозово, на своја рака во четири очи прифатил изградба на Регионална Кафилерија во Општина Лозово. Истата ја претставува како индустриски капацитет за преработка на нуспроизводи од животинско потекло, но притоа во духот на „транспарентноста“ свесно премолчува пред граѓаните многу важни информации!

Кафилерија, почитувани граѓани е завод каде што се уништуваат мршите на пцовисани животни кај кои во 90% од евидентираните случаи ,смртта настанала од болест. Ако се земе во предвид дека бројот на грла добиток во Централниот и Источниот регион на Р.Македонија е драстично намален, наспроти Западниот, каде бележи постојан раст, со што ризикот од заразни болести во тоа подрачје е значително поголем, се прашуваме зошто се гради објект од ваков тип токму во Лозово, со што дополнително би се зголемиле трошоците за превоз на мршите од пцовисани животни.

Поради ова, се поставува прашањето дали Ацо Велковски, водел сметка за квалитетот на живот, здравјето на граѓаните и последиците кои можат да произлезат, кога прифатил изградба на објект од висок еколошки ризик или фокусот бил ставен само на висината на средствата предвидени за реализација на истиот?

Затоа ние, и поголемиот дел од граѓаните на Општина Лозово не се согласуваме со локацијата и изградбата на ваков објект во нашата општина од следните причини:-Бидејки е предвидено да се изгради на само неколку метри од домовите на граѓаните и во непосредна близина на Основното училиште М.М.Брицо.-Заради климатските услови во ова подрачје, особено розата на ветрови, кое би довело до ширење на непријатна миризба и канцерогени честички во воздухот, посебно за време на долгите и жешки лета.-Затоа што постои опасност од загадување на плитките подземни води, карактеристични за овој предел.-Поради големата опасност од ширење на заразни болести преку глодари и лешинари кои ке дојдат во контакт со заразените остатоци од мртви животни.-Бидејки постои реален сомнеж за несоодветно менаџирање на објектот, за кое никој јавно не говори и сл. Овој регион е познат по одгледување на житни култури и земјоделски производи кои во моментов се со одличен квалитет и барани на пазарот па затоа не би сакале истите да подлежат на можно загадување од објект кој припага во група на објекти со висок еколошки ризик, со што би била доведена во прашање егзистенцијата на граѓаните од евентуалната намалена побарувачка на земјоделските производи од овој регион! -Дали на Р.Македонија и е потребен толкав објект кој нема да биде рентабилен?

Зошто Источна Македонија да добие депонија за мрши, животински отпадоци и убиени заразени животни кои ке се носат од Грција,Бугарија,Косово и Албанија како што изјави директорот на АХВ?Зар животот на нашите деца не е повреден од евентуални идни 15 партиски вработувања?! Замислете само една епидемија на Балканот од некоја заразна болест кај животните и кога сите тие треба да завршат во оваа кафилерија?! И што ако истата се прошири и кај нас?!

П.С. Се гледа вашата грижа за граѓаните…Овие лицемерно популистички акции-НЕ ПРОАЃААТ!!

Одговорност ке има!!”

-стои во реакцијата на Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Објавен повик за аплицирање за мерката 121.1 за набавка на педигриран добиток од регистрирани одгледувачници
Следна објава Македонското национално знаме вчера насилно тргнато од трибините во спортската сала во Струмица
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 436
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 643
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 605
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 698
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 639
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 493
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1492
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 431
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 652
Жена на денот
Ева Грин e една од најелегантните femme fatale во светот која држи до својот див карактер

Ева Грин e една од најелегантните femme fatale во светот која држи до својот див карактер

1143
Маж на денот
Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

2075
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да го запрат донесувањето на Законот за марихуана
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да го запрат донесувањето на Законот за марихуана

Сеп 14th, 202118
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.