На 22 Мај 1943 година откако претходно била тешко ранета, во борбите против Бугарските фашистички сили во рамки на пролетната офанзива на партизанските одреди на Македонија во Втората Светска Војна, загинала Македонскиот народен Херој Вера Јоциќ.
Во текот на вчерашниот ден во Македонска Каменица во дворот на училиштето кое што го носи името на Вера Јоциќ беше одбележана 78 годишнината од загинувањето на храбрата партизанка која во 1951 година била прогласена за народен херој.
Од страна на учениците и наставниците на ООУ Вера Јоциќ беше подготвена пригодна свечена програма на која што беше прочитан пригоден реферат за Вера Јоциќ.
Потоа делегација на општина Македонска Каменица предводена од Градоначалникот Димче Атанасовски, како и останати делегации положија букети со свежо цвеќе пред споменикот на Вера Јоциќ во Македонска Каменица.
Споменот и делото на народниот херој Вера Јоциќ ќе продолжи да живее помеѓу народот како светол патоказ за сегашните и идни генерации како се сака и се бори за слободата на Македонија.