Министерката за труд и социјални работи Рашела Мизрахи во свои лични средби со млади граѓани на Штип лично се увери за причините поради кои младите си заминуваат од Штип но и од цела Источна Македонија.
Таа како порака од овие средби ги истакна своите лични заложби за враќање на слободата и успехот на младите граѓани во државата во нивното место на живеење.
Во продолжение во целост ја пренесуваме нејзината реакција упатена до јавноста по овој повод:
“Во Штип разговарав и со младите. Младите заслужуваат подобро, тие се наш врвен приоритет и тоа така ќе продолжи. Нивните лица се загрижени за својата иднина, од лошиот животен стандард, квалитетот на живеење не е на задоволително ниво, одземена им е слободата и успехот во нивното место на живеење, во сопствената држава.
По селата, сега и градовите се празнат, а генерациите си заминуваат. Нашата цел е да спречиме уште една генерација да си замине, тоа не смееме никако да си го дозволиме.
Како луѓе нашата заложба мора да биде креирање мерки и проекти за младите, отворање нови работни места и создавање услови за мотивација на младите да останат во Македонија. “


