Врз основа на одличната соработка на релација општина Неготино – Полициска станица Неготино и ЈУОДГ„Фемо Кулаков“ од Неготино, а како резултат на активности на Координативното тело за социјална заштита при Општинскиот центар за социјални услуги на општина Неготино, во склоп на Полициската станица-Неготино опремена е и адаптирана просторија наменета за престој на лица-деца жртви и сторители на кривични дела.
Просторијата во Полициската станица во Неготино е опремена од страна на ЈУОДГ„Фемо Кулаков“, а со потенцијалните жртви и сторители на кривични дела ќе работи стручно лице од ПС Неготино.
