Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески , ја најави изградбата на 39 социјални станови во општина Виница.
Становите ќе бидат со површина од 35-45м2.
Веќе е определена локацијата на социјалната зграда во близина на Комуналното претпријатие “Солидарност“. Исто така општината обезбеди градежна маркица и парцела до која има улица и друга комунална инфраструктура. Донесен е ДУП за тој дел од Виница, така што се создадени услови за градење,
-изјави градоначалникот Димитров.
Во тек е тендерската постапка за избор на изведувач, откако ќе заврши таа процедура ќе стартуваат градежните работи. Двете министерства, министерството за транспорт и врски, како и министерството за труд и социјална политика, треба да ги усогласат критериумите според кои ќе се прави распределбата на становите.