Илјадници граѓани излегоа на плоштадот „Трг Бан Јелачиќ“ да ги пречекаат ватрените хрватски фудбалери. Цела Хрватска беше на нозе, солзи, емоции , песни и длабок наклон пред своите херои кои дадоа се од себе за својата земја на Светското Првенство во фудбал во Русија.
Авионот со хравтската делегација беше пречекан со многубројни аплаузи и емоции од од хрватските граѓани, презадоволни и од сребрениот медал на својата репрезентација.





