“Благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Виница пожарот кој денес беше активен во м.в Бел Камен во близина на фирмата “Еврометал” е локализиран.
Пожарот беше пријавен во 12:00 часот и истиот е ставен под контрола од 12:15 до 15:00 часот.
Истовремено апелирам до сите граѓани на општина Виница на внимателност, мало невнимание може да предизвика пожар со тешки последици, да се избегнуваат фрлање на отпушоци, правење скара на отворено и сите останати дејствија што се потенцијална можност за настанување пожари.”
-информираше градоначалникот на општина Виница Миле Петков.