• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

За црквата “Св. Цар Константин и Царица Елена” и за црковниот живот пред и по Разловечкото востание во Разловци

мај 12th, 2020 Македонска бесмртност коментари 1960

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
За црквата “Св. Цар Константин и Царица Елена” и за црковниот живот пред и по Разловечкото востание во Разловци

Вовед

Сместена во село Разловци, оваа црква покрај верската улога и значење одиграла и улога на историска школа за најразличните револуционерни и останати дејци од овој крај. Податоци за нејзината изградба датираат од 1860 година.

Црквата „Свети цар Константин и царица Елена“ во с. Разловци е изградена во 1850 година, но според мештаните оваа црква е уште постара. Карактеристично за црквата е што има фреска на која е претставен ликот на поп Стојан, предводник на Разловечкото востание, кој оставил длабоки траги во историјата на овој крај, но и Републиката. Интересно е што за портата на црквата биле изработени два големи клуча, а со едниот од нив и ден денес се отвара оваа црква.
Селото Разловци, во кое се наоѓа оваа црква, е со големо историско значење за македонскиот народ. Познато е по Разловечкото востание од 1876 год. кое иако било неуспешно претставува прва поорганизирана и политички осмислена манифестација на вооружен отпор на Македонскиот народ против турската власт во Македонија.

Селото Разловци е село е од збиен тип со релативно зачувана селска архитектура. Сместено е во многу убава природа и е погодно за развој на селски туризам. Во близина на селото се наоѓаат и познатите свети извори, покрај реката Брегалница. Посебно обележје на селото се колибите каде што селаните ја чуваат стоката и ги складираат плодовите од земјоделието. 

Историјат за црквата “Св. Цар Константин и Царица Елена” и за верскиот живот во селото

Во околината на Разловци има остатоци од стари цркви што укажуваат на богат црковен и просветен живот во минатото. На почетокот на Долно Поле во месноста Клинчовица се наоѓаат остатоци од црква чие име е непознато. Според топонимот се нарекува црква на Кличовица. Кај монополската зграда во Рајанец се наоѓаат остатоците од малата црква „Св. Богородица“ која била оштетена од земјотресот во 1904 г. каде и денеска разловчани палат свеќи. Под неа има Света водичка. Во Селиште видливи се остатоците од црквата „Св. Илија“, каде разловчани до неодамна давале курбан на Илинден. Во Горно Поле кај Грамадите или Старото село била црквата „Св. Никола“. Таа имала долг и богат црковен живот. Сè до изградбата на новата црква разловчани го празнувале како ден на селото Свети Никола. 

Често се случувало да не се одржи службата поради студеното време и големиот снег, како и оддалеченоста. Кај тогашниот свештеник поп Стојан викан Гушлоскиот поп ( затоа што неговата сестра Злата и братот Стоил имале гуша), се родила мислата за изградба на нова и поголема црква во селото. Идејата ја поддржале неговиот соселанец Цоне Спасев- Ингилизот, неговиот зет Стоил Ѓоргов како и Стоил Ковач од Ковачовци. Тие се обврзале материјално да ја помагаат изградбата. Како ктитори, нивните ликови се овековечени на фреските што се наоѓаат на западната страна од црквата до самиот влез.

Откако за локација на црквата била обезбедена нивата од Манчовци, во 1850 год. На општо задовоство на сите во селото започната изградбата на црквата.Турците уште на самиот почеток ја стопирале изградбата под изговор дека тука немало стара црква и не може да се гради нова. По извесно време, разловчани се досетиле и го зеле камениот крст од црквата „Св. Никола“ и го закопале во нивата, па пролетта пак почнале да градат. Турците повторно се обиделе да ја забранат изградбата, но разловчани се спротивставиле и одговориле : „Нашите стари велат дека тука имало стара црква. Ќе копаме и ако го најдеме камениот крст ќе градиме.“ Така и направиле. Го пронашле претходно закопаниот крст, па така градбата била дозволена. Во изградбата на новата црква учествувале сите што биле способни за работа. Мажите носеле камења, а жените во футите носеле песок. Најдобриот гајдаџија одел со нив свирејќи со својата гајда. Изградбата траела скоро 10 години. На иконата „Св. Константин и Елена“ ( подарена од Константин и Никола, син и внук на поп Стојан) стои натпис „ 10 декември 1850 год.“ Фрескоживописот го работел Василие Зограф од Струмица. На иконата на „Св. Богородица“ стои годината 1869.

Новата црква го добила името „Св. Константин и Елена“. Разловчани ја викаат „Цар Костадин и царица Елена“. Рамот на црквата постанал соборен ден, а во знак на стариот собор, разловчани го викаат Летен Никулден. Но, сепак, полека растел угледот на новата црква за сметка на старата.

Во Разловци има повеќе фамилијарни попски родови. Анџии, Ѓорговци, Ковачовци, Џаџовци, Сумраци. Сепак, најстар е родот Поповци од поколението на поп Стојан во кој и денеска се одржува семејната традиција. Покрај црковната, свештениците се занимавале и со световна- просветна и револуционерна работа. Тие ја пренесувале писменоста на своите најблиски во родот оспосбувајќи ги за идни свештеници.

Поради честите потурчувања, за спас на убавите девојки и невести била изградена калуѓерска зграда во која извесно време живеат неколку калуѓерки од Разловци и околината.

Денешнина…

Денеска црквата Св. Цар Константин и Царица Елена стои како нем сведок на премрежјата и воопшто животот кој се одиграл во ова орловско село во прегратките на планината Голак на нејзиниот премин кон Обозна.

Црквата секогаш е отворена од гостољубивата рака на баба Елена сумрачка која секој добронамерник ќе го пречека како свое дете и ќе му поткаже некоја интересна случка или приказна што се случила на ова место богато со историја.

И секогаш тешката порта на црквата се отвара од истиот оригинален метален клуч од кој датира од 1860 година.

Во денешно време на секој верски празник ќе се наслушне звукот на историјата пренесен преку двете метални ѕвона кои стојат како жив покров над селото за да ги пазат разловчани од неприлики.

Иконостасот во црквата

Покрај фреските на ктиторите и градителите на црквата на Поп Стојан, Цоне Спасов Ингилизо, Стоил Ѓоргов и Стоил Ковач кои се наоѓаат после влезот во црквата од десната страна под внатрешниот балкон, во црквата се застапени автентично зачувани фрески од периодот кога е градена самата црква.

Покрај фреските со повеќе светци, Мајка Богородица, Господ Исус Христос и живописниот иконостас во црквата се наоѓа и дрвена стилизирана таваница во форма која потсетува на сонце како и автентични светилници.

Интересно е што на ѕидот наспроти влезот во црквата е насликана единствената фреска која постои во христијанството на обесениот Јуда на дрво по извршеното предавство кон својот учител Исус Христос со ќесе златници под дрвото.

На повеќе места на надворешниот дел од црквата како и во внатрешноста се наоѓаат по малку скриени симболи кои говорат за континуитетот и симболиката на националната свест низ историјата на народот од ова место.

Па така на фасадата на црквата ќе се забележи стилизирано повеќезрачно сонце, над задната врата ќе се забележи вграден христијански крст со форма која е малку поразлична од она што денеска се манифестира во православието.

Во внатрешноста на црквата исто така се застапени илустрации на сонце. На различни локации во внатрешниот простор во црквата има застапени стилизирани просторни форми на:

– птица (на викарниот балкон)

-Змејови (на попскиот престол)

-Ангели обесени на светилникот

-Оригинални крстови на свеќниците.

На ѕидовите на балконот се застапени фрески на ангели.

На повеќе места на фреските се испишани пораки со старословенско писмо.

Во дворот на црквата “Св. Цар Константин и Царица Елена” се наоѓа првата училишна зграда изградена во селото која што датира од 1870 година. Прв учител бил Дедо Костадин Спасевски- Даскало (1846-1941) г.).

Но тоа е тема за уште една цела нова приказна која се однесува на богатиот просветителски живот на народот во ова место.

Прочитај повеќе за Разловци и Разловечкото востание во нашите статии во продолжение:

https://bregalnicki.mk/razlovci-i-razlovechkoto-vostanie-fe-ton-vo-4-delovi-del-1/
https://bregalnicki.mk/razlovci-i-razlovechkoto-vostanie-fe-ton-vo-4-delovi-del-2/
https://bregalnicki.mk/razlovci-i-razlovechkoto-vostanie-fe-ton-vo-4-delovi-del-3/
https://bregalnicki.mk/razlovci-i-razlovechkoto-vostanie-fe-ton-vo-4-delovi-del-4/

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Нокаут за 20 секунди со каков што од поодамна не сме биле почестени: Ngannou VS Rozenstruik
Следна објава Се пораспространето е мислењето кај граѓаните за недораснатост на актуелната власт за решавање на корона кризата
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 543
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 897
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 927
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 573
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 580
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 804
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 591
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1019
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 543
Жена на денот
Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

854
Маж на денот
Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

2120
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4274
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

Ное 21st, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.