• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

За Градоначалникот на Делчево “добри вести” се задолжување на општината од речиси 33 милиони денари, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

август 21st, 2019 Македонија коментари 1691

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
За Градоначалникот на Делчево “добри вести” се задолжување на општината од речиси 33 милиони денари, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево соопшти дека актуелниот Градоначалник на Делчево, Горан Трајковски во јавноста се фали со проекти на претходниот градоначалник на Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Притоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ ја алармираат јавноста дека Градоначалникот Горан Трајковски ја задолжува и така задолжената општина Делчево со нови речиси 33 милиони денари.

Во продолжение го пренесуваме во целост соопштението упатено до јавноста од страна на опозицијата во Делчево:

Горан Трајковски денеска ја задолжи Општина Делчево за нови речиси 33 милиони денари, кои ќе треба да ги враќааат неговите наследници 10 години по ред почнувајќи од 2022 година!!!

По којзнае кој пат денеска Горан Трајковски – Градоначалник на Општина Делчево во јавноста се пофали со проекти на ВМРО-ДПМНЕ и претходниот градоначалник на Општина Делчево.

Апликацијата за МСИП-2 повикот беше поднесена во 2016 година од страна на претходниот градоначалник, за проектите кои требаше да бидат финансирани преку оваа програма на Министерството за финансии на Република Македонија.

Поради опструкциите кои што тогашната опозициона СДСМ ги наметна во државата со нивните блокади на институциите, оваа програма беше замрзната и цели три години до денеска граѓаните не можеа да го видат бенефитот од овие проекти во нивното секојдневие.
Денеска Горан Трајковски без ни малку политичка доблест и коректност објавува во јавност т.н. “Убави вести” со кои тој потпишува договор за ЗАДОЛЖУВАЊЕ во форма на под-заем, на општина Делчево во износ од речиси 33 милиони денари кои што граѓаните треба да ги враќаат во наредните 13 години почнувајќи од 2022 година по завршување на неговиот мандат.

КОЕ ЛИЦЕМЕРИЕ, КОЈА ДРСКОСТ И КОЈ БЕЗОБРАЗЛУК?
Наместо да ја раздолжува општината како што ветуваше во неговиот т.н. ПЛАН ЗА ЖИВОТ тој на контото на општината носи ново задолжување од речиси 33 милиони денари кои ќе треба да ги враќа неговиот наследник на функцијата Градоначалник.

Вакво недомаќинско работење стана синоним за градоначалници на СДСМ во Делчево како што е примерот за периодот кон крајот на 90-тите години на минатиот век кога исто така беше Градоначалник на општината кадар на СДСМ со што беше направен основниот долг од кој денеска општината не може да се поврати во нормала.

Пред ваквото соопштение од страна на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ во јавноста од страна на Градоначалникот Трајковски беше упатено известување со кое тој вели:

Денес имаме убави вести за Општина Делчево од Министерството за Финансии , ќе се реконструираат улиците „Вера Јоциќ“, „Маршал Тито“ и улица 7 во населба СРЦ

Денеска во Министерството за финансии со заменик министерката за финансии Ширет Елези преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка потпишавме договор за под-заем во износ од 32.252.287 денари.

Согласно со договорот ќе се реконструираат три улици во градот, две постојни и една земјена улица. Станува збор за улиците „Маршал Тито“, на потегот од касарната до Таушанско маало во должина од 743 метри, потоа улицата „Вера Јоциќ“ над гимназијата „М.М.Брицо“ во должина од 599 метри и улица 7 во населба СРЦ каде ќе се гради комплетно нова улица во должина од 290 метри.

Со реализација на овие проекти ќе се подобрат општинските услуги кои се даваат на граѓаните, а со тоа се обезбедуваат подобри услови за живот во општината.

Инаку, освен Делчево договори потпишаа и општините Тетово, Кочани, Брвеница, Бутел, Дебрца, Илинден, Кисела Вода, Гази Баба, Гевгелија и Чешиново Облешево за проекти со вкупна вредност од 165 милиони денари, од кои 136,8 милиони денари се заеми по исклучително поволни каматни, под 1%, додека 28 милиони се грант средства за општините.

-стои во соопштението на Градоначалникот

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Генеза на убиството на општествената свесност и граѓанскиот капацитет на Македонскиот граѓанин
Следна објава Јанушев: Да се повика Чак Норис бидејќи само тој може да убие 4000 диви свињи за 10 дена!
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 548
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 525
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 522
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1179
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 502
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 577
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 313
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 395
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 542
Жена на денот
Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

628
Маж на денот
Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

1590
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202237
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.