• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

За родољубието и страдањата за Македонија на Д-р Илија Чулев- дедото на Наќе Чулев (новиот Министер во МВР)

јануари 3rd, 2020 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 1477

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
За родољубието и страдањата за Македонија на Д-р Илија Чулев- дедото на Наќе Чулев (новиот Министер во МВР)

Со конституирањето на Комунистичка Југославија во чии рамки влегува и НР Македонија, македонското прашање не било решено, односно македонскиот народ не ги остварил своите вековни стремежи за Независна Македонска држава, во нејзините етнички граници. Така како израз на разочарувањето од нерешеното македонско прашање и неприфаќањето кај голем дел од Македонците се појавило незадоволство, македонската држава да биде во склоп на Југославија. Така во Македонија се појавуваат групи и тајни органзиации со предзанкот ВМРО, кои се залагаат за формирање на Незавсина Македонија со демократски акциент на најзиното уредување. Комунистичките власти започнуваат переманентно прогонување, затворање и апсења на сите македонски организации кои се залагале за Независна и обединета Македонија со демократско уредување, членовите на овие организации биле цутот на младата македонска интелегенција.

Д-р Илија Чулев е еден од големиот број на македонски патриоти кои биле прогонувани за идеите на ВМРО и кои своите живоите ги оставиле по комунистичките затвори.

Д-р Илија Чулев (1908 – 1950) роден е во Кавадарци и бил член на организацијата Демократскиот фронт на Македонија “Илинден 1903”. Тој бил висок интелектуалец. Медицински факултет завршил во Загреб. Многу рано, уште за време на студирањето во Загреб, во 1933 година се вклучил во редовите на ВМРО (Обединета) и учествувал во активностите на партијата чија програмска платформа била: создавање на независна и обединета Македонија во нејзините етно-геогравски граниици, самостојно или како посебна политичка единица во рамките на една поширока Балканска федерација.

Тој бил активен и во политичкиот и културниот живот меѓу двете светски војни во неговиот роден град Кавадарци каде и ја ширел идеите на ВМРО (обединета).

Во 1938 година, бил избран за пратеник во собранието на Кралството Југославија од листата на Земјоделската партија за Кавадаречка околија. Во своите дискусии во собранието се залагал  за подобрување на положбата на македонските селани, за правилно ликвидирање на аграрната реформа, за намалување на експлотацијата која се вршела преку обезвреднување на клучните земјоделски  производи кој вирееле на македонското поднебје (тутун, афион, ориз, грозје и др.), за културен развој на селото итн.

Додека престојувал во Белград, материјално ги помагал македонските студенти ( Страхил Гигов, Кирил Миљовски, Ванчо Бурзевски и др.)

Исто така, бил симпатизер на МАНАПО  поради што во 1941 година бил интерниран во затворот во Ивањица. Откако бил ослободен работел како лекар во Прешево. При крајот на 1944 година бил мобилизиран во македонските воени единици како санитарен лекар.

Во текот на 1945 година бил уапсен од комунистичката власт во НР Македонија на два наврати заради неговите демократски убедувања,и неговите заложби за Независна обединета Македонија под закрила на Америка.

Д-р Илија Чулев на  20.10.1945 година бил уапсен како раководно лице на организацијата Демократскиот фронт на Македонија “Илинден 1903”. Иследувачите го изложиле на невидено измачување и насилство, но од него не дознале ништо.  Организацијата Демократскиот фронт на Македонија “Илинден 1903” ја предводеле петмина Македонци од различни краеви на Македонија, а во платформата на самата организација живееле идеите на исконската ВМРО за Незавсна Македонија во етничките граници со демократско прозападно уредување. Основачи на Организацијата ДФМ-Илинден-1903 биле Д-р Илија Чулев (лекар од Кавадарци), Д-р Димитар Златарев (докторирал правни науки на универзетот во Рим од Охрид), Коста Хрисимов-Смилец (роден во Старчишта, Драма-Егејска Македонија), Стефан Кузманов (економист од Битола) и Коста Динев (економист од Сарачиново, Воден-Егејска Македонија)

Оваа организација во која главен предводник бил д-р Илија Чулев создала свои ограноци во Скопје, Битола, Велес, Штип, Охрид и Кавадарци. Тие ја изразувале поврзаноста кон ВМРО-Гоцеделчевска.

Организацијата се декларира дека ги изразува националните интереси и стремежи на целиот македонски народ (од трите дела на Македонија) за национално обединување и смостојна државност со демократски општествен поредок.

Д-р Илија Чулев пред истражните органи се држел многу храбро, не можеле да го “скршат”. На сослушувањето во ноември 1945 година, помеѓу другото ќе изјави дека неговата идеологија е демократска, за давање поголеми права на сите народни слоеви во изградувањето на власта и решавањето на економските проблеми, дека демократијата во Македонија треба да изгледа како еден збир на сите конструктивни сили во државата кои што сакаат да помогнат во изградувањето на државата, без разлика на нивната партиска определеност, дека треба да се обединат и треба да бидат заедно сите три дела на Македонија. Потоа при крајот на сослушувањето додал дека, доколку би барале формирање на нова партија, ќе бидат сватени како рушители на власта и прогонети. Поради тоа се надевале дека големите демократски држави ќе влијаат на власта да дозволи секој слободно да си ги искаже своите размислувања за внатрешното уредување на државата и тие лица да не бидат окфалификовани дека сакаат да ја рушат новата власт, туку дека скаат да придонесат за подобро уредување на сите прашања на државата.

Судскиот процес против овој раководител на Демократскиот фронт на Македонија “Илинден 1903” започнал на 8 февруари 1946 година.

Тој бил обвинет според законот за: дело против македонската национална чест, за изработка на печат на организацијата,  подготвување на меморандум кој ќе биде предаден на Советот на Министри за надворешни работи на големите сили, за оцрнување на југословенските власти и сл.

За да обвинението биде што поубедливо обвинителот Никола Вражалски измислил дека тој се стремел да создаде  илегални, противнародни, терористички организации во Вардарска Македонија кои би се бореле за Независна Македонија.

Судот е безмилосен. Еден од судените ( Никола Коларов син на стреланиот Методи Коларов член на ВМРО-Возобновена ) се сеќава:

“На нашето судење не се судеа нашите дела, зашто дела немавме, туку наша идеја, на обвинителната клупа се најде ВМРО… нашата група беше за самостојна, автономна и обединета Македонија под протекторат на Америка и Англија како гарант за нашата самостојност и слобода. Ние немавме никаква помисла за Ванчо Михајлов и никаква помисла за приклучување кон некаква Бугарија, ние бевме за идеите на  ВМРО за Независна Македонија.”

Д-р Илија Чулев осуден е од врховниот суд во Скопје на 10 години строг затвор.

Овој голем интелектуалец и уште поголем патриот за создавање на независна и обединета Македонија во нејзините етно-геогравски граници, комунистичката власт не можела психички да го скрши, единствено што му останало е физички да го ликвидира.

Поради тоа, Д-р Илија Чулев, бил подложен на невидени и најсурови измачувања. Бил денонокно претепуван и ставен во безвоздушен кацер.

Во 1948 година, тој им подлегнал на страотните ѕверски измачувања. Од кацерот го извлекле мртов. Д-р Илија Чулев е само еден од плејадата на македонски патриоти кои беа репресирани и затворани од комунистичките власти прогонувани за самобитноста на македонскиот народ и државност.

Користена литература-

1.Лекции од историјата на современта македонска држава(1944-1991) година-проф –др Виолета Ачковска-Скопје 2011.,

2.Судени за Македонија-Стојан Ристевски

3.Зборник на политички затвореници-1945-1990,Скопје том втори

4.Репресијата и репресираните во Македонија-проф-др Виолета Ачковска,проф-др Никола Жежов.

Пишува –Ѓорги Чекутков-историчар

Превземено од МЕДИА 24

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Кој е Наќе Чулев- предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички Министер во МВР?
Следна објава Преубава светлина над Македонија ова утро а и воздухот е некако почист: Зоран Заев ја поднел својата оставка
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 653
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 1021
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 1017
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 664
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 640
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 864
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 654
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1121
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 591
Жена на денот
Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

676
Маж на денот
Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

2219
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201920
Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката
Македонија

Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката

Ное 1st, 202118
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.