• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

За ВМРО-ДПМНЕ изборите се завршена работа. Даваат поддршка за донесување на европски закон за јавно обвинителство

февруари 4th, 2020 Македонија, Политика коментари 617

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
За ВМРО-ДПМНЕ изборите се завршена работа. Даваат поддршка за донесување на европски закон за јавно обвинителство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција од партиското седиште ја истакна својата јавна поддршка за донесувањето на европски закон за јавно обвинителство.

Тој во своето ображање пре Македонската јавност се заложи за донесување на овој клучен реформски закон според забелешките на експертите и стручната јавност кои што со своето долгогодишно искуство и кредибилитет и знаење же ја гарантираат европската перспектива на државата базирана токму на овој реформски клучен закон на патот на евроинтегративните процеси на Република МАкедонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски изрази уверување дека власта како предлагач и парламентарното мнозинство ќе се вразумат и ќе ги прифатат забелешките на стручната јавност и најголемите експерти за оваа правна материја во државата, на кои инсистира опозицијата веќе подолг период наназад.

Во продолжение пренесуваме дел од прес конференцијата на Мицкоски во врска со ова прашање:

“Никој во оваа држава не верува повеќе во тоа дека сме прогласени за најкорумпирана земја во Европа, а Заев да нема никаква вина во најкорумпираната влада.

Никој не верува во тоа да сме прогласени во хибриден режим што е на чекор до авторитарен режим, а Заев да нема никаква вина во газењето на слободите и правата.

Никој не верува во тоа да за три години нема ниту еден процесуиран и сериозен случај за криминал против било кој човек од власта, а Заев да не врши влијание врз разнишаното и без кредибилитет обвинителство и судство. Не е до законот за обвинителство колку што е до анкетите и до навигацијата кој Заев ги добива секој ден на терен.

А, кои покажуваат дека СДСМ нема поддршка од граѓаните и разликата во корист на ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден се зголемува. Јасно е дека намерата на Заев кој знае дека ги губи изборите е да се обиде да ги одложи и да одбегне одговорност со тоа.

Тој има два начини да ја постигне оваа цел. Првиот е еднострано носење на закон за јавно обвинителство со кое ќе воспостави целосна и зголемена контрола врз обвинителството. За да по поразот одбегне одговорност за сите сомнежи за сторен криминал и корупција. И откако стана свесен на носењето на овој лош закон по забелешките на ВМРО-ДПМНЕ но и бројните забелешки на експертската јавност дека удира во ѕид, сега оди кон вториот начин, а тоа бегство од избори за да има бегство од одговорност.
Тоа покажува дека Зоран Заев сака власт само да не се соочи со правдата и ништо повеќе и ништо помалку од тоа.

И во оваа прилика законот за јавното обвинителство го користи единствено како изговор за останување на власт. А, од изговори и блефови веќе е доста. Ова е најмалку трет изговор за да избега од избори. Претходно беше наводната шпанска криза и влијанието врз ратификувањето на протоколот за НАТО, па потоа смисли изговор во кој се посочуваше блокадата на законите од страна на опозицијата меѓу кои беше и оној за бизнисот и извоз на цвет за марихуаната во кој директен интерес има семејството Заеви, за да денес се смисли нов изговор, а тоа е законот за јавно обвинителство.

Законот за јавно обвинителство кој го предлага Заев е едностран и во спротивност со експертските мислења, Уставот и кривичната материја.

Македонија не смее повеќе да биде заложник на партиските интереси, суетите на одредени министри и стравот на Заев од соочување со одговорност.

Македонија не смее да си дозволи обликување на суштински закони во зависност на политичките желби на власта или теснопартиските интереси на било кој друг субјект во државата. Не смее повеќе да се дозволи да се обликува закон со кој некој ќе се штити и се ќе се прави за да се наштети на некој друг, а потоа граѓаните да бидат единствени кои ќе го платат цехот за целото непочитување на законите.

ВМРО-ДПМНЕ не е против закон за јавно обвинителство, туку е против партиски закон за јавно обвинителство со кој ќе се заштити криминалот. Секое законско решение мора да биде производ на консензус, но и во дослух со експертската јавност. Затоа предлагам законот за јавно обвинителство да дојде од експертите и професорите од Правниот факултет кои имаа релевантност и искуство од оваа материја и беа дел од јавната дебата. Професионализамот да го ставиме над партиските интереси, а законот кој тие ќе го предложат безрезервно и без двоумење ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати.

Ајде сите заедно да бидеме зрели, да се издигнеме над партиските интереси и да бидеме заедно со државните интереси и интересите на граѓаните. Ајде професорите и експертите вклучени во јавната расправа да изготват решение коешто еве јавно пред македонската јавност кажуваме и се обврзуваме дека ВМРО-ДПМНЕ безрезервно ќе го подржи, а истото да го подржи и власта, која на тој начин ќе застане рамо до рамо со честитоста и вистината пред граѓаните, а заедно ќе покажеме дека се ставаме над партискиот интерес. Да се однесуваме зрело и одговорно, европски. Еднаш партиите да дадат шанса на експертите. Во име на тоа ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање на тим од врни експерти кои што ќе работат на изготвување на овој закон, меѓу кои ќе бидат вклучени професорите по уставно и казнено право, а тоа се:

• Професор Доктор, Владо Камбовски,
• Професор Доктор, Гордана Силјановска,
• Професор Доктор, Никола Тупанчевски,
• Професор Доктор, Гордан Калајџиев,
• Професор Доктор, Тања Каракамишева,
• Професор Доктор, Гордана Лажетиќ.

Државата не смее да назадува поради отпорот на еден човек и неговиот страв од одговорност. Ако некој има илузија одложувањето на изборите нема да го спаси од одговорност Заев, туку само ќе ја продлабочи кризата во која што се наоѓаме. Утре Заев по овој пример може да си донесе одлука дека не важи судот, да го укине обвинителството или да се додели еднострано вечен мандат, но тоа не е патот по кој што државата треба да се движи. Да престанеме со притисоци врз претставниците во законодавниот дом, без разлика на која партија и припаѓаат. Да престанеме да го разочаруваме и онака веќе разочараниот македонски граѓанин, затоа што чуму ни се тогаш избори ако со притисок едноставно може да се боксуваат законски решенија во рамките на законодавниот дом.

Не е само до законот, туку до неморалот на политичарите и спрегите на мафијата со судството и политиката, а тоа зависи од интегритетот на личностите. Ако има вистински луѓе на вистински места тие ќе се борат против корупцијата, ако е како сега тогаш ќе купуваат време и ќе молчат додека цели нивни претставници во партијата, целиот партиски врв плива во корупција.”

-соопшти Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Погледнете ја во продолжение неговата прес конференција каде на крајот на истата тој одговараше и на пратенички прашања поврзани со оваа проблематика:

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Во Благоевград претставници на ОМО ИЛИНДЕН ја одбележаа 148 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
Следна објава Владо Мисајловски: Сонот на Делчев е сон на сите нас
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 724
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 677
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 608
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 705
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 374
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 466
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 683
Жена на денот
Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

1966
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1408
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201922
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката
Македонија

Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката

Ное 1st, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.