Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски со партиска делегација денеска се поклони пред ликот и делото на Гоце Делчев на неговото вечно почивалиште во црквата Св. Спас во Скопје.
Притоа по повод денешниот ден со кој се одбележува 148 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, Владо Мисајловски ја упати сл. порака:
“Денеска се одбележуваат 148 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.
Даскалот и неговите идеали вечно ќе бидат водилка за македонското делување.
Неговиот сон е сон на сите нас, силна, достоинствена и чесна Македонија.
Македонија на сите граѓани, со успеси забележани насекаде во светот.
Вечна нека е идејата !”


