• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Зад покачувањето на цената на струјата стојат бизнис интереси на Заеви, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

август 12th, 2020 Политика коментари 537

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Зад покачувањето на цената на струјата стојат бизнис интереси на Заеви, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

“Покачувањето на струјата е директен удар врз граѓаните на Република Македонија кои повторно се изманипулирани од Зоран Заев и СДСМ кои пак претходно им гарантираа на граѓаните дека нема никакви шанси да се покачи цената на струјата. Ова покачување на струјата е уште еден бонбона бизнис за семејството Заеви,”

-обвини денеска на прес конференција од партиското седиште портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата прес конференција во врска со овие обвинувања:

“Зад покачувањето на цената на струјата отворено се сомневаме дека стојат бизнис интереси на семејството Заеви. Денеска ќе презентираме преку оваа прес конференција наводи кои дојдоа до нас, а преку кои се доаѓа до причината за покачената цена на струјата која од септември ќе ја плаќаат граѓаните. Државната компанија ЕСМ, како производител на струја продава 100% од своето производство на универзалниот снабдувач со електрична енергија, наместо 75% како што тоа е регулирано со закон, и со тоа свесно губи профит на сметка на универзалниот снабдувач, кој пак е приватна компанија. Па така на универзалниот снабдувач му се овозможува висок профит и поголема заработувачка. Индициите за злоупотреби се во договорите склучувани од страна на универзалниот снабдувач со приватни компании, кои испумпуваат големи суми на пари. А, тие компании имаме причина, реална причина да веруваме и да се сомневаме дека се тесно поврзани со семејството Заеви. Компанија која е универзален снабдувач склучила договор за обезбедување со агенција, чиј сопственик е од Струмица. Истите сопственици на оваа агенција за обезбедување преку семејството партиципираат и во бизнисот со марихуана, бизнис кој им беше дадена лиценца директно од Владата на Зоран Заев и СДСМ. Дали на универзалниот снабдувач му се дава висок профит, за преку приватни компании кои влечат корени од Струмица, истите пари да се вадат на приватни сметки и да се слеваат во семејството Заеви?! Агенцијата за обезбедување, чиј газда е од Струмица, со универзалниот снабдувач на електрична енергија склучил договори вредни близу 17 милиони евра. Значи само за обезбедување оваа струмичка компанија земала околу 17 милиони евра од универзалниот снабдувач, према кој граѓаните плаќаат повисока цена на струја, благодарение на СДСМ и Заеви.

Има вкупно четири договори, од кои првиот е склучен на 16.03.2018 година во вредност од 50 милиони и 909 илјади денари и е со назнака за набавка на услуги за управување со мониторинг центар. Вториот договор е склучен месец и половина подоцна, односно на 30.04.2018 година со вкупна вредност од 109 милиони 83 илјади денари и е за извршување на услуги за обезбедување. Третиот оглас кој го склучил универзалниот снабдувач со оваа приватна компанија за обезбедување е склучен на 22.02.2019 година во вредност од 153 милиони 370 илјади денари, и исто така е за извршување на услуги за обезбедување. Соработката помеѓу овие две компании продолжува и на 28.06.2019 година универзалниот снабдувач со електрична енергија го склучува најголемиот од четирите договори во вкупна вредност од 714 милиони 108 илјади денари. Тоа се вкупно 1 милијарда 27 милиони 482 илјади денари или 16 милиони 707 илјади евра, близу 17 милиони евра, пари кои одат од граѓаните кои плаќаат струја.

Бројките не се производ на некој паушални тврдења, туку факти кои произлегуваат од јавно објавените податоци на веб страната на Бирото за јавни набавки. Дали заради ова сега СДСМ преку РКЕ побара поскапување на цената на струјата?! А, за жал, државната МЕПСО со потценувачки тон ги навредува граѓаните и нивната интелигенција кои побараа поништување на зголемувањето на цената на струјата! Дали начинот на кој работи оваа агенција е начинот на кој се богатат лица блиски до власта, односно семејството Заеви?! Дали покачувањето на цената на струјата е последица на бизнис интересите на Заеви со кој се овозможува екстра профит за универзалниот снабдувач и пари за приватна компанија чиј газда е со потекло од Струмица? Дали преку овие испумпани пари од приватни компании, за кои граѓаните плаќаат повисока струја и повисоки сметки, Зоран Заев и СДСМ го вршеа масовниот поткуп на граѓани?

Зоран Заев, СДСМ и лицата во врвот на власта должат одговори. А, ВМРО-ДПМНЕ во наредните неколку дена ќе ги презентира сите детали кои што ќе ве замолам да ги проследите со внимание.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава На денешен ден пред 117 години згасна првата република на Балканот, згасна животот на Питу Гули со неговата чета бранители на Крушевската република
Следна објава Дали со пропаста на Еуро Стандард Банка на повидок е нов октопод и Тат- втор дел?
Може да Ве интересира:
Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер
Македонија

Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер

октомври 26th, 2022 421
Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"
Македонија

Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"

август 11th, 2022 736
Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"
Македонија

Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"

јули 29th, 2022 599
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум

јули 27th, 2022 543
Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно
Македонија

Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно

јули 4th, 2022 658
Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат
Македонија

Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат

јуни 29th, 2022 1994
ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија
Македонија

ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија

јуни 28th, 2022 577
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот

јуни 22nd, 2022 711
Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт
Македонија

Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт

јуни 14th, 2022 566
Жена на денот
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

660
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1285
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201925
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката
Македонија

Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката

Ное 1st, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.