Нов ден нов национален пораз за Македонија од “ризницата” на Зоран Заев.
Денеска на свеченоста за одбележување на 40 годишнината од формирањето на единицата за специјални намени “Тигар” на Македонската полиција , Зоран Заев го претстави новиот амблем/ лого на единицата.
Она што е погубно во денешниот настан беше видливото бришење на името “Македонија” од униформите и амблемите на единицата.
Според новата наметната номенклатура единицата за специјални задачи “ТИГАР” се преименува во специјална антитерористичка единица “Тигар” со видливо отсуство на името на државата од амблемот.
Ова е уште еден од редицата на политички гестови на Зоран Заев за газење по Македонскиот национален идентитет.


