Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска јавно преку социјалните мрежи го соопшти поразителниот факт за сиромаштијата во Македонија. Наспроти ставот на Христијан Мицкоски од Владата секојдневно стигнуваат информации за напредокот на државата на сите полиња на живеење и благосостојбата во која што живеат граѓаните, бустирани со нивните провладини медиуми.
Дополнително во јавноста создаваат нервоза и чувство на неправда информациите дека владата со пари од Буџетот на сите граѓани на Македонија има намера да купува кондоми.
“Над 100.000 граѓани живеат со 50 денари на ден и немаат за леб, а Заев троши милиони за кондоми…
Ако неправдата е закон, тогаш улицата е нашиот одговор. До финална победа!”
-напиша Мицкоски на фејсбук.


