• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Заеви и СДСМ ревносно се борат за создавање на силна канабис рекет машинерија, обвинува Игор Јанушев

јануари 24th, 2020 Македонија, Политика коментари 430

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Заеви и СДСМ ревносно се борат за создавање на силна канабис рекет машинерија, обвинува Игор Јанушев

Како што ветивме пред некој ден, денес ќе имате можност да ја дознаете целата вистина околу омилениот бизнис на фамилијата Заеви. Бизнисот со марихуана која се претвори во рекет машинерија.  Токму затоа Заеви и СДСМ ревносно се борат во Собранието да се изгласа законот за опојни дроги по нивни терк, за потоа да обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи овој закон. Иако во позадина се работи за нешто сосема друго, посочува Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Овде се работи за милиони и создавање на силна канабис рекет машинерија. Аферата Канабис милионите на Заев покажува инфлација од лиценци на фирми блиски до власта и неконтролирано производство на марихуана. Веднаш да потенцирам и да ги расчистиме дилемите, ВМРО-ДПМНЕ не кочи закони во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ кочи закони кои се од личен интерес на Заеви. ВМРО-ДПМНЕ во 2016-тата година го донесе законот за одгледување на канабис за медицински цели и Република Македонија беше единствена држава во Европа заедно со Холандија, но со јасно дефинирани одредби, и високи критериуми кои мора да се исполнат, а не земјава да се претвори во оаза за канабис за милионите на Заев. Но, како навистина стојат работите. Информациите кои дојдоа до нас говорат дека СДСМ и Заеви практично манипулирајќи ги потенцијалните и заинтересирани производители на канабис, создадоа нова рекет машинерија преку која се собираат пари од бизнисмени кои сакаат да одгледуваат канабис, истакна тој.

Јанушев потенцира дека во постојниот закон кој е на сила, донесен во 2016 година за одгледување на канабис за медицински цели, јасно е припишано кои се условите кои мора да ги исполнува одредена фирма доколку сака да добие лиценца за одгледување канабис.

-СДСМ и Заеви, настрана од пропишаните одредби во законот, за само неколку месеци дозволија хипер-продукција на лиценци за канабис. Внимавајте од мај 2016 до мај 2018 година се издадени само 5 лиценци за одгледување на канабис и 2 лиценци за екстракција. Додека пак само во 2019 година Владата има издадено 31 лиценца за одгледување на канабис, а околу 20-тина нови лиценци се во постапка и чекаат одлука од Владата за да ја добијат. Во истиот период исто така се издадени дополнително 2 лиценци за екстракција на канабис. Голем дел од овие фирми што добиле лиценци се поврзани погодувате директно со СДСМ. Што е тука индикативно и сомнително? Еден од условите да се добие лиценца за одгледување канабис е да фирмите апликанти поседуваат елаборат за одгледување на канабис во рок од 5 години како и која е намената на произведеното количество. Ова е еден од најважните документи кои треба да го поседуваат фирмите. Внимавајте, според нашите информации, најголем дел од овие 31 лиценца во 2019 година, се издадени според непостоечки закон, односно се незаконски. Овие фирми имаат елаборати во кои јасно пишува дека ќе извезуваат произведен сув цвет од канабис, што практично и не е возможно согласно постоечкиот закон, каде што извоз на канабис е возможен доколку е завршена екстракција. Според нашите информации, Министерството за здравство не врши воопшто инспекциски надзор колку канабис е одгледан кај голем дел од компаниите, па огромна количина од канабисот се продава на црно за огромни суми на пари, што докажува дека Заеви ја направија Македонија како Колумбија и Лазарат, истакнува Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека канабис милионите на Заеви отвораат сомнеж дека постои и нелегално производство на марихуана.

-Прашуваме, дали е точно дека Заеви доделувале лиценци на нивни блиски фирми без да поседуваат соодветен елаборат, па практично сега лиценците се незаконски? Втора работа, која кружи низ кулоарите на бизнисмените, е дали е точно дека цената на една лиценца на Владата на СДСМ и на Заев чини околу 300.000 до 500.000 евра кои се плаќаат директно на рака кај луѓе блиски до власта? За се ова институциите молчат и по принципот сврти ја главата на другата страна, се прават како да не се случува бидејќи се под директни инструкции на фамилијата Заеви и СДСМ. Дополнително, документите покажуваат дека до последниот ден како премиер Зоран Заев делел лиценци за производство на марихуана. За само два дена во месец декември, а на неколку дена пред оставката на Заев се доделени 10 нови лиценци за производство на марихуана. Значи 10 нови лиценци, набрзина се доделени на компании кои се поврзуваат токму со Зоран Заев. Набрзина, шверцерски и со огромен сомнеж за милионски криминал. Деталите на компаниите ќе ги чуете во следниот период, но она што е сигурно е дека СДСМ си направија класична рекет машина, каде што овие бизнисмени се принудени да ги купат лиценците од Владата за кеш пари, за сега повторно да се зборува низ кулоарите на бизнисмените дека повторно им се барани кеш пари за да можел СДСМ да остане на власт и да го протурка законот, вели Јанушев.

Тој порачува дека Заеви ќе понедат одговорност.

-Времето на СДСМ и криминалците како Заев заврши. Обновата на Македонија доаѓа на 12-ти април. А, Заев и СДСМ ќе понесат одговорност. Заев и СДСМ се виновни за се што се случува сега и Заев и СДСМ никогаш повеќе нема да и се случат на Македонија, истакнува тој.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Македонците во времето на Ана Комнина: ВОВЕД
Следна објава Средба на Мицкоски со Јоханес Реј од фондацијата Конрад Аденауер
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 560
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 536
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 528
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1186
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 508
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 588
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 318
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 402
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 552
Жена на денот
Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

1902
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1920
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202121
Пет дена до стартот на најголемата забава во Малешевијата-Фестивалот на трубите во Пехчево
Регион

Пет дена до стартот на најголемата забава во Малешевијата-Фестивалот на трубите во Пехчево

Јул 7th, 201920
Градоначалникот Иван Јорданов посака успешна работа на Советот на општина Штип
Регион

Градоначалникот Иван Јорданов посака успешна работа на Советот на општина Штип

Окт 29th, 202119
Откако Благој Бочварски избега од градоначалничката функција во Штип, остави огромни проблеми кои денес се решаваат
Регион

Откако Благој Бочварски избега од градоначалничката функција во Штип, остави огромни проблеми кои денес се решаваат

Авг 12th, 202219
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.