На прес конференција, кандидатот Захариев најави воведување на јавен градски превоз:
Локалната самоуправа ќе субвенионира 50% од автобуската карта. Ние веќе имаме и заинтересирани компании за тоа. Ќе имаме дневен превоз од Три Чешми, од Чардаклија секојдневно, како и од Стар Караорман, а ќе ја поврземе и општина Карбинци со секојдневен превоз од Таринци и Карбинци. Исто така ќе ги поврземе и населбите од градот, Баби, Сењак, Автокоманда со центарот на Штип, во делот на Лакавичко до селата ќе има секојдневен превоз а за Овчеполските села, Врсаково и Криви Дол ќе организираме превоз за време на викендите. Мислам дека на овој начин ќе се помогне и на учениците и на студентите и на пензионерите, кажа Илчо Захариев, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Штип.
[ВО ЖИВО] ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ОПШТИНАТА ЌЕ СУБВЕНЦИОНИРА И ОРГАНИЗИРА ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ
由 Илчо Захариев 发布于 2017年10月12日