Потребно ви е:
– 230 милилитри млеко
– 350 милилитри црно кафе (или еспресо), оладено на собна температура
– 2 супени лажици чист јаворов сируп
– Ледени коцки (по желба)
Во стаклена тегла со капак, ставете го млекото и протресете го силно околу една минути, додека не се запени. Потоа тргнете го капакот и ставете го во микробранова рерна на 15 секунди.
Наполнете две големи чаши со лед, поделете го кафето подеднакво и ставете по една лажица јаворов сируп.
Со помош на лажица, задржете ја пената додека го претурате млекото во двете чаши. Вкусот е неверојатен.


