Голем спортски шок приреди трофејната пливачка Рута Мејлутите, со одлуката да ја прекине кариерата на само 22 години. Рута боледува од депресија и не може да го издржи притисокот и оти сака да го види животот надвор од базенот и спортските обврски, и да си подари нова шанса да започне нов живот.
Донесев одлука и подготвена сум да почнам ново поглавје во својот живот. Фала на сите кои ме поддржува на овој пат, но јас почнувам нов и се надевам дека повторно ќе имам поддршка. – изјавила литванската млада пливачка.

Кариерата на Рута била принципиелна и плодна , но за жал за кратко време и завршена. Рута на 15 години освои златно одличје на Олимписките игри во Лондон 2012 година победувајќи во дисциплината 100 метри прсно. Во 2013 та година литванската пливачка се закити со златниот медал на Светското првенство во Барселона срушувајќи го рекордот.
Рута во својата ка0риера освоила 20 златни, десет сребрени и еден бронзен медал.


