Жителите кои што живеат во населбите Борко Талев и Јане Сандански добиваат долготрајно решение на проблемот со водоснабдувањето со вода за пиење, и асфалт за подобрување на стандардот а живот на повеќе краци од овие улици.
Како едни од најстарите населби во Штип граѓаните кои живеат на овој простор конечно го добиваат заслужениот третман од локалните власти со инвестирање во проекти кои значат подобар квалитет на живот.
“Темелно ги решаваме проблемите!
Конечно жителите на дел од улиците Борко Талев и Јане Сандански ќе имаат долготрајно решавање на проблемот со водоснабдувањето, а од денес со асфалтирање на овие краци од улици, добивме подобра инфраструктура во едно од најстарите штипски маала.
-соопшти градоначалникот на Штип Иван Јорданов.