Денеска градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов објави убава вест за жителите на селото Кучица кое се наоѓа во пазувите на планината Плачковица.
Денеска на терен во ова плачковичко село работеше градежна механизација со која се асфалтираше нова асфалтна површина која ќе стави крај на калта и прашината за жителите на селото.
“Денес асфалтираме во село Кучица. Ова плачковичко село денес добива нова повеќенаменска асфалтна површина од 500м2.
На барање на жителите реализираме проекти кои се важни за ова населено место. “
-информираше градоначалникот Виктор Паунов во врска со овој проект.