Во тек е целосната реконструкција и изградба на подземна инфраструктура паралелно со изградбата на коловозот на улицата Миле Јаневски Џингар во Македонска Каменица како една од позначајните сообраќајници во градот.
Екипи на Јавното претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица со својата механизација денеска работеа на терен на функционално оспособување на сите подземни инсталации по што ќе следува изведба на носечкиот тампонски слој и асфалтирање на улицата.
“Вработените во одделението за комунални работи ги уредуваат подземните инсталации на улица Миле Јаневски Џингар, каде веќе се вршат градежни активности за изградба на истата.”
-информираа од ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица.