Беше повреден за Суперкупот на УЕФА со Манчестер јунајтед, но Златан Ибрахимовиќ реши да ја посети Македонија приватно. Напаѓачот на Манчестер јунајтед, кој во моментов повторно е надвор од терените поради повреда, денеска секако беше главна атракција во Штип.
Како што дознава Екипа.мк тој е дојден на лов, и треба да остане и во наредните неколку денови, а дел од најсреќните штипјани имаа и можност да се фотографираат за спомен со легендарниот напаѓач.
Швеѓанецот е најновата фудбалска ѕвезда која доаѓа во Македонија на лов, откако претходно беа и Единсон Кавани, Диего Милито.
Според информациите сместен е во хотелот „Урбаниста“ па неговите фанови може да ја искористат оваа прилика за блиска средба со него.



