Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски како претседател на Националниот совет за евроинтеграции при Македонскиот парламент денеска оствари значајна средба со австрискиот амбасадор во Република Македонија Георг Вуцас.
На средбата било разговарано за предизвиците со кои се соочува нашата држава на патот кон евроинтегративните процеси како и за актуелните состојби во Македонија.
Во продолжение го пренесуваме соопштението на Александар Николоски во врска со оваа средба:
“Денес како претседател на Националниот совет за евроинтеграции остварив средба со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Георг Вуцас.
На средбата ја нагласив улогата што ќе ја има Националниот совет во процесот на преговорите за пристапување во ЕУ и ја потенцирав активната агенда на Советот која следи. Покрај тоа на средбата разговаравме и за актуелните состојби во Македонија, како и за можностите за продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете држави и предизвиците со кои се соочува државата на патот кон ЕУ.”