По повеќедневната мини европска турнеја во неколку европски држави, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва имаше свое гостување во вестите на централниот дневник на ТВ СИТЕЛ, каде зборуваше како за посетите на Унгарија, Словенија и Хрватска, така и за повеќе актуелни политички теми кои ги засегаат граѓаните на Македонија.
Во интервјуто во “Тема на денот” Николоски изнесе важни детали од неговите средби заедно со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски што во 4 денови ги имаа со тројца премиери на земји членки на ЕУ како и двајца министри за надворешни работи, наспроти целосната меѓународна изолација на Зоран Заев.
Александар Николоски го афирмираше фактот дека Македонија и Македонските граѓани имаат искрен и силен подржувач кај овие три земји за напредокот на нашата држава во повеќе полиња на соработка и таа поддршка ќе продолжи и понатаму во иднина.
Во интервјуто Николоски зборуваше и за актуелните однооси меѓу Република Македонија и Бугарија и перспективите на нашата држава во контекст на блокираниот евроинтеграциски пат од страна на Бугарија.
Николоски во тој контекст го спомна фактот дека аргумент повеќе на некои европски земји за непроширувањето на ЕУ кон Македонија е корупцијата на актуелната власт на Зоран Заев која е далеку од европска вредност поради што овие земји не застануваат на страната за поддршка на Македонија за почеток на преговори за членство во ЕУ.
Николоски во интервјуто зборуваше и за актуелниот процес со кој власта сака да го спроведе пописот на население и домаќинства во април, како и за штетноста на истиот. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја истакна партиската заложба за поништување на донесениот штетен закон за попис како и претстојните активности на опизициската партија во таа насока.
Целото интервју со Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар николоски погледнете го во продолжение: