Денеска во претпладневните часови шести ден по избувнувањето на пожарот во Делчево и негово прелевање кон Пехчево и Берово Зоран Заев придружуван со Венко Филипче се појави во селото Будинарци, беровско. Без можност за присуство на медиуми кои би поставиле повеќе прашања во врска со состојбите во кризните жариште за време на посетата посетата Зоран Заев преку социјалните упати своја бледа порака преку која дели совети на граѓаните како да се однесуваат во контекст на оваа криза.
Во својата порака не упати никаде определби за повикување на одговорност кај надлежните за евентуални пропусти при првичниот одговор на институциите на пожарот кој премина колосални димензии и предизвика огромна штета.
“Беровско Будинарци е уште едно од македонските населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината. Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар. Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Бугарија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија. Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност.”
-соопшти Зоран Заев преку фејсбук.


