Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција посветена на катастрофалните пожари кои што ја зафатија државата и микрорегионот Пијанец-Малеш соопшти дека во текот на денот ќе биде присутен на терен на лице место на кризните локации во делчевско и пехчевско.
Последиците од огромните пожари кои го зафатија јужниот дел на општина Делчево а потоа се префрли кон северните делови на Пехчевско, како во смисла на загубена квалитетна борова, дабова и букова шума така и во смисла на долгорочните реперкусии врз животната среднина.
Од тој аспект на локалното население му е потребна целокупната расположива помош и поддршка за справување со самиот пожар но и последиците од истиот.
Од тие причини Претседателот на опозициската партија ќе допатува на лице место да ја согледа ситуацијата и да помогне во рамки на неговите можности.
Целата прес конференција на Христијан Мицкоски како и одговорот на повеќе новинарски прашања може да го погледнете во видеото во продолжение:


