• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Зоран Заев притиснат во тесно свика вонредна прес конференција на која видлива беше неговата паника

мај 7th, 2020 Македонија, Политика коментари 852

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Зоран Заев притиснат во тесно свика вонредна прес конференција на која видлива беше неговата паника

Потребата за драма во редовите на СДСМ е се поголема.

Наспроти сведочењето на главниот осомничен во случајот “Рекет” кој што се наоѓа пред судот во кое што Бојан Јовановски го посочи Зоран Заев како инволвиран во овој случај, Претседателот на СДСМ денеска закажа вонредна прес конференција на која не соопшти ништо драматично и вонредно.

Во врска со сведочењето на Боки 13 во судскиот процес за случајот “Рекет” како и за бледиот обид на Зоран Заев да ги релативизира состојбите од влијанието на неговото сведочење во јавноста на неговата т.н. вонредна прес конференција, денеска во јавноста реагираше Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој го соочи по кој знае кој пат Зоран Заев со лицето на фактите на своја прес конференција од партиското седиште на опозициската партија.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата на Александар Николоски во која тој ги повика надлежните органи да поведат постапка за кривична одговорност на Претседателот на СДСМ за неговата инволвираност во најголемиот корупциски скандал кој што Македонија го доживеа во изминатите години:

“Денес Зоран Заев најави вонредна прес конференција за ова попладне на која што македонската јавност очекуваше дека ќе каже нешто вонредно битно и значајно, нешто поради кое што се свикува вонредна прес конференција. Но наместо тоа видовме една бледа, безначајна прес конференција и македонската јавност се прашува, а и ВМРО-ДПМНЕ која беше потребата од оваа драма и драмолетка која што се случи попладнево. Потребата од драмата, односно драмолетката која што се случи попладнево беше да се сокрие паниката која што денес го фати Зоран Заев после она што го видовме во судот за случајот „Рекет“.

-Зоран Заев се надеваше дека корона кризата ќе го спаси него и неговите најблиски од одговорност и од дознавање на јавноста што се случувало со „Рекет“. Но еве денеска вистината излезе на виделина. И затоа наместо да држи прес конференции без поента и без цел за економската состојба во Македонија за која што и самиот призна дека веќе не блеска, напротив туку дека е во тешка рецесија, најмногу заради недомаќинското работење негово и на тимот составен од Нина Групер, Мила Царовска и останатите кои што не знаат да водат економија. Зоран Заев треба да одговори на прашањата кои што ги заинтригира денеска македонската јавност. Зоран Заев треба да одговори зошто според тврдењето на прво осомничениот Бојан Јовановски го предупредил дека бил под истрага и против него имало случај уште на 3-ти април, далеку пред да биде покренато обвинение против инволвираните во случајот „Рекет“? Бараме МВР и Јавното Обвинителство против Зоран Заев да отвори случај за сторено кривично дело прикривање и помагање во сторување на кривично дело, вели Николоски.

-Тоа значи дека паѓа и во вода тврдењето на Зоран Заев дека тој прв го пријавил случајот „Рекет“ уште на 22 април минатата година, ако на 3ти Април ги предупредил осомничените тогаш е невозможно на 22 Април минатата година да го пријавил нешто всушност за што не достави писмена белешка како доказ во јавноста дека навистина го пријавил. Втората дилема е што барала главната обвинителка Русковска во друштво со првоосомничениот Бојан Јовановски, со кој што нарачувале монтирани медиумски прилози за неистомислениците на Русковска во судството и обвинителство. Ова открива две работи, имало медиум којшто бил злоупотребуван од власта и постои целосна соработка помеѓу обвинителството, трас трас судството и Зоран Заев. Трето исто така многу важно Зоран Заев е должен да одговори каква е таа олеснета положба која им ја ветил на дел во осомничените во истрагите на СЈО? За какви повластувања говори Зоран Заев? Тоа е незаконско дејствие и бараме МВР и јавното обвинителство да отворат истрага против Зоран Заев. И четврто, во дел од сведочењето на прво обвинетиот Бојан Јовановски се дознава дека Зоран Заев ги наместил изборите во Охрид и дека имало изборни нерегуларности. Бојан Јовановски вели цитирам- „Заев со Кичеец зборуваа за местење на избори во Охрид, а Кичеец имаше своја паравојска“
Оттука итно и неодложно бараме МВР и обвинителството да спроведе целосна и темелна истрага за спроведувањето на локалните избори во Охрид и да истражи евентуални нерегуларности како и изборни манипулации и местенки од Зоран Заев и неговиот омилен рекетар, вели Николоски.

Тој додава дека сето ова потврдува и дава објаснување за клучното сомневање- Зоран Заев е мозокот и октоподот на рекетот и тој е на врвот на пирамидата на рекетирање на многу бизнисмени, а се сомневаме дека вкупната сума надминува 20 милиони евра нешто за што ќе се видиме со Заев и на суд. Оттука како петто бараме од Обвинителството да ја прошири истрагата за „Рекет“ и да го осомничи Зоран Заев како организатор на рекетот во Македонија. Ова е огромен доказ дека зад криминалот и рекетот стоело едно лице на врвот на пирамидата „capo di tutti capi“ Зоран Заев.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Мајк Тајсон доби понуда од 16.2 милиони фунти за бокс меч
Следна објава На денешен ден 1954 г. француските империјалистички сили беа поразени кај Диен Биен Фу од виетнамските сили на отпорот
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 725
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 679
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 610
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 707
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 375
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 467
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 685
Жена на денот
Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

2510
Маж на денот
Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

2140
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.