Заев плаши народ дека Македонија ќе сме ја врателе назад, не дека многу го боли за државата, туку затоа што власта за него значи пари и богатство. А, тоа најдобро може да се види со тоа што земјава ја прави нарко-картел со посеви на марихуана и лиценци кои неконтролирано се даваат “под рака”.
Суштината многу подобро ќе се долови доколку се погледне во компаниите кои добиле лиценца за производство и трговија на марихуана. Таму ќе видите компании на разно разни “мешетари” и бизнис партнери на Заеви кои инвестираат во овој бизнис. Дали е точно дека за еден месец се дадени над десет, повторувам, над десет лиценци за производство на марихуана пред се на компании блиски до власта?
Дали, меѓудругото, е вистина дека тука има компании блиски до Зоран Заев? Дали Зоран Заев овие лиценци ги дал на само неколку дена пред заминување од функцијата премиер и тоа паралелно додека во собранието турка закон за зголемени овластувања во трговијата со марихуана? Дали трговијата со марихуана е новата “златната кокошка” и новиот Глобал на семејството Заеви? Дали во Македонија покровители на нелегалното производство на марихуана се лица од највисоката власт?
За ова и многу повеќе во деновите што следат.
-фејсбук статус на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.


