Денеска Драган Ковачки преку социјалните мрежи упати во јавност суштинска дилема во врска со постоењето и работата на специјалната армиска единица “Волци” и специјалната полициска единица “Тигар”:
“Вчера беше ден на ЕСЗ на МВР “Тигар”. Скоро сите политичари, освен Претседалот Пендаровски кој по се’ изгледа не добил покана за Денот, се изнаредија за сликање со момците и девојките од Тигар кои секојдневно ги ставаат своите животи на коцка. Пред точно 2 седмици, на 1 март, беше Ден на армиската единица “Волци”. Но, кај Волците не отиде НИЕДЕН политичар за ги испочитува со своето присуство и да им го честита Денот. Вклучително и Министерот за одбрана го изигнорира Денот на единицата за која е директно надлежна.
Министерот за одбрана дури не им го честиташе празникот на Волците ни преку фејсбук и твитер за разлика од вчерашниот Ден на ЕСЗ на МВР “Тигар” каде беше и лично присутна, а преку нејзините профили упати и честитки за единица во друго министерство и за која нема никаква надлежност.Не сакам да коментирам што е во позадина на непочитувањето кон единицата која е гордост на целата нација, но, сакам да предупредам дека: Во политиката некои работи мора да се завршат по протокол, без разлика дали тоа вам ви се допаѓа или не. А посебно што треба да ти биде чест и гордост барем на тој ден да застанеш пред стројот на хероите од 2001 и меѓународните операции.
Деновите на единиците се традиција што мора да се испочитува заради минатите но и идните генерации. Ако првиот во институцијата не го прави тоа со свој личен пример, тогаш станува збор за насока на однесување. Поразително!”
-напиша Ковачки на фејсбук


