Јане и Јани Постолов , вклучувајќи го и Лука Змејковски дефинитивно се асови во својата конкуренција од Балканот. Три златни медали за клубот “лидер“ на Балканскиот куп “Најдобрите на Балканот“кој се оддржа во Србија- Ниш,каде учествуваа кик бокс клубови од сите балкански земји, но и клубови од Австрија, Унгарија или вкупно 15 земји учеснички. Кик бокс клубот “Лидер“ на овој натпревар зеде 3 први и едно трето место.
Третото место и припадна на Џесика Арсова, а тренерот Дарко Гоцевски после овој успех е презадоволен.
“Бидејќи на овој натпревар кој е најмасовниот во кик бокс, имаше доста квалитетни учесници, а нашите најмлади шампиони покажаа уште еднаш дека се најдобри на Балканот и пошироко во нивната конкуренција“
– истакна Гоцевски.




