• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

5 индикатори за бајата транзиција или “Како да познаете дека транзицијата завршила”

октомври 8th, 2019 Македонија коментари 619

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
5 индикатори за бајата транзиција или “Како да познаете дека транзицијата завршила”

Како ке познаете дека фамозната транзиција како општествена перцепција одеднаш ја снемало? Транзицијата со која како процес Македонија и повеќето посткомунистички земји безобразно без никаков срам и перде се соочуваа цели децении. Дали има некакви (било какви параметри) според кои би кажале дека транзицијата за македонскиот народ конечно ја нема?

Во оваа прилика ке се обидам да направам листа на такви индикатори, според моја слободна проценка. И сето тоа не го правам случајно, се уште под импресија на одлуката за популаризација на македонска телевизиска продукција и програма на редиодифузерите во македонското секјдневие, од страна на најново формираното министерство за информатички технологии (и администрација). Македонскиот народ е предолго во ходникот на транзицијата, така што кога доаѓањето до неговиот крај не смее да помине незабележително.

 1.Елиминирање во голема мера на суштинските врски со минатата држава и општествено уредување (читај комунизам, социјализам или југо носталгија).

По прогласувањето на независноста во 1991 година од страна на народот на тогашната Социјалистичка Република Македонија, оваа наша државичка се беше само не беше независна. Од системско уредување на институциите на државата до најобичните секојдневни навики на граѓаните на истата. Од сликата на Тито во Собранието на РМ, до лебот вулгарно наречен “Лепа Брена” кој се продаваше во ограничени количини и за кој мораше да се чека во редици. Е тоа беше почеток на транзицијата.Термин дотогаш непознат за народецот за кој штотуку изгреа новата зора на слободата. Пополека системот на државата започна де се реформира, но не и сваќањата на граѓаните (кога велам граѓани мислам на мнозинството т.е. грото на луѓе кои живееја тогаш под македонското небо).Денес во 2012 година се уште има луѓе кои што под капите носат југоносталгичарски дух, но, генерално мнозинството граѓани се насочени и оплеменети со капиталистички про-европски дух, кој е роден и трансформиран токму низ процесот на транзиција во РМ. Морам да го спомнам во денешно време по малку подзаборавениот аргумент на устоличување на процесот на денационализација на врвно државно ниво, со кој можеби за првпат покрај декларативната волја за расчистување со минатото (колку тоа и да биде безболно), се премина кон фактичка примена на овој концепт. Процесот можеби започна со денационализацијата, но секако мислам дека завршува со лустрацијата, која иако некако болно се прифаќа, сепак е одговор на очекувањата на мнозинството од граѓаните на РМ. Нивото на перцепција според авторот на овој текст за созреаноста на свеста кај граѓаните (мнозиннството) за отфрлање на стегите на транзицијата е толку високо што комотно може да се изнесе тврдењето дека токму овој погоре индикатор бр.1 е реален аргумент за бајатоста на транзицијата во Македонија.

    2.Иницирање на голем број на мерки, политики и активности за заштита на животната средина од страна на мнозинството граѓани и институции.
Во време на транзицијата, зелената агенда за Република Македонија беше ставена во најзапоставениот кош од севкупното општествено живеење на државата. Формирањето на политичка партија со зелен предзнак е само врвот на сантата мраз која под површината на морето содржи цел еден спектар на зелена мрежа на општественото битие кое растеше цели децении. Провинцијализмот и во оваа сфера се уште постои, т.е. негрижата за аспектите за заштита и унапредување на животната средина се уште е присутна помеѓу поединци. И веројатно така и ке остане. Но нивото на развој на зелената свест кај целокупното (читај мнозинство) чинители на општествениот живот во државата е толку високо што станува критично за пораз на снагата на транзицијата која губи на својот интензитет во овој поглед. Овој пристап се уште е потребно да се развива, во корелација со економијата и стандардот на населението. Токму здравата животна средина за македонскиот народ во себе инкорпорира одредби од општ интерес и делокруг на работа и егзистенција кои секако можат да бидат делени и по хоризонтала и вертикала, на различни сфери, но сите во себе го имаат тоа име. Дали тука ке зборуваме за популационо-демографска политика, стандард на населението изразено преку економски параметри, квалитет на живот, миграција на население, здравство, социјала, образование, екологија, уметност….Сето тоа е подредено на овој индикатор за создавање на здрава животна средина со предзнак условно “зелена” на народот кој го населува овој простор, мислејки секако на ова широко гледање на овој термин. И токму тој индикатор преку негова широка перцепција ми дава за право да го декларирам како една од причините за поразот на транзицијата од она што се нарекува демократија во Македонија по ранк блиска на просекот на ЕУ.
   3.Истрошеноста на влијанието на поп културите на соседните држави врз свеста на македонското бидие за себе-егзистенционализам.
На почетокот од последната деценија на минатиот век евидентен беше напливот на фолк музика и воопшто култура на македонски автори и исполнители. Веројатно овој тренд беше на некој начин континуитет на широката либерална културна политика на Белград кон федеративните единки кои ја сочинуваа тогашна СФРЈ.Овој факт потпомогнат од националистичките движењеа во Словенија, Хрватска, подоцна и Македонија па Босна и Херцеговина, Црна Гора и на крај Косово, кои во основа негуваа вредности на локал-патриотизам (во контекст на заедничката држава), на народот му влеваше дополнителен мотив за себе-промоција и афирмација, што на крај резултираше со огромен број незаборавни уметнички дела од тој период.На почетокот беше музиката преку еден Фолк фест Валандово, Цветници, Фестивалот на детска песна Златно славејче (кој несомнено е еден од предвесниците на македонското културно осамостојување со своето долгогодишно реноме и постоење), Вардар филм кој иако контролиран од надворешни елементи сепак наоѓаше начин за да проникне во рамки на тогашниот строг режимски простор со македонски идентитет и продукција, ослободена од прангите на српското тврдо “л”.Секако во оваа корелација се надоврзуваа литературата (преку еден великан Славко Јаневски, Петре М.Андреевски, Гане Тодоровски и цела плејада на креатори и афирматори на македонскиот идентитет и значење), театарот, со голем опус на култни театарски претстави од македонска продукција итн.
Телевизија Скопје (МРТВ) во чии што ходници, бифеа и простории беа вгнездени најзакоравените структури на поранешниот систем, не беше воопшто ни реално ни возможно, да биде носител на осамостојувањето на македонското постоење во овој сегмент и пошироко во секој друг сегмент на државата поради влијанието кое оваа телевизија го имаше, кај народот. Токму оттука падот на оваа телевизиска куќа во секаков поглед беше неминовен и оправдан. Се до годината 2012 кога фениксот повторно се издигна од пепелот на сопственото опожарување.Токму оттука целокупниот прогрес кој е направен во изминатите 21-22 години во овој поглед на културна афирмација и заокружување на македонскиот идентитет преку она што значи изворно постоење, ми дава за право да посочам кон овој трет аргумент како индикатор за конечниот пораз на транзицијата на Република Македонија како процес кој тежеше на плеќите на ова парче македонско небо.
   4.Одлука за контрола на радиодифузните содржини кои ке зрачат во етерот во Македонија;
Несомнено оваа мерка е омилена на авторот на овој текст, и како лакмус се лепи во епруветата на вриежот на животниот циклус на македонската транзиција, според која драстично изразено се препознава крај на турбулентната традиција (21 година е речиси традиција во споредба со еден човечки живот) на транзицијата. Она што погоре го нареков раѓање на автохтон и апсолутно независен културен идентитет на македонецот, во почетокот на последната деценија од минатиот век, падна ничкум на колена пред суптилната Касандра, која се чинеше како директна инфилтрација на непријателот од највисоко ниво на македонското постоење, и тоа директно во домовите на сите македонци. Тотален пораз, кој резултираше со широка платформа на колеж на македонскиот идентитет, борбеност, и престиж. И сето тоа во најтурбулентните моменти на приватизација, трансформација на сите сфери од државниот интегритет и постоење. Касандра тогаш беше опијат за масите, кои некој не сакаше да си го трошат времето со реално суштинските работи кои и тоа како имаа што да кажат по однос на многу прашања.
Во овој контекст имам само едно прашање: Дали се сеќавате која беше личноста што ја доведе Касандра на градскиот стадион во Скопје? Со каква улога е таа личност денеска?
   5.Изразено коегзистентна надворешна политика на Република Македонија.
Кој не може да го види и свати овој аргумент од една т.е. индикатор од друга страна, нека се запраша кога Македонија водела поуспешна и што е многу поважно понезависна сопствена автохтона надворешна македонска политика. Политика пред која нема субјекти кои клечат на колена, но и политика која не клекнува на колена. Балансиран пристап, кој пред се е раководен од цивилизаторските придобивки на демократијата од антиката до денес. Секако овој индикатор е обременет од сите претходно посочени, како и со редица на други состојби во државата кои слободно можам да кажам дека се созреани до тој степен за да може да и завртат грб на транзицијата како довчерашната љубовница која беше обземена од “љубов” кон македонското тело и постоење и се она што се изроди од таа “љубов”.

Транзиција во оној контекст во кој што беше актуелна последните 21 година во РМ, повеќе нема…
Револуција преку турбулентни методски практики, апсолутно не е оправдана и целисходна. Тоа впрочем како концепт неколку пати беше поразено од страна на општото мнение во државата.
Македонија е земја во која секој чекор е стабилен, на здрава “подлога”, можеби тежок (зависи од перцепцијата и референтноста на гледање), но сигурен.
Тоа е клучот кој ја заклучи тешката врата на транзицијата.

Пишува: Анастасов Кирчо

Недела, 11 Ноември 2012 година

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Иван Јорданов: Коритото на река Отиња не само што не се завршува, туку се‘ повеќе наликува на депонија
Следна објава Бошко Цветковски: Резултатот од 1:0 не се слави!! Тоа е пораз, пораз!! Не е никаков успех!!
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 362
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 342
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 360
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 979
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 355
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 396
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 166
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 245
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 331
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1079
Маж на денот
Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

1839
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои
Магазин

Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои

Јун 4th, 201922
Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани
Регион

Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани

Окт 23rd, 202219
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202117
Васил Маневски: РАЗЛОВЕЧКА РАПСОДИЈА 1876
Македонија

Васил Маневски: РАЗЛОВЕЧКА РАПСОДИЈА 1876

Јул 8th, 201917
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.