Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип Иван Јорданов во јавноста упати критика кон локалната власт предводена од градоначалникот за нереализираниот а ветен проект за доизградба на регулација на реката Отиња.
Во продолжение во целост го пренесуваме неговото соопштение упатено до јавноста:
Навршуваат 2 години од преземањето на локалната власт од страна на СДСМ. Коритото на река Отиња не само што не се завршува, туку се‘ повеќе наликува на депонија, која го отсликува работењето, односно неработењето, на оваа неспособна локална власт.
Досега на оваа тема направивме неколку прес-конференции и јавно укажавме на потребата од доуредување и завршување на коритото на река Отиња, со цел да иницираме локалните власти да се разбудат и зафатат со работа.
Завршувањето на овој проект по многу нешта наликува на поставувањето на мостот на река Брегалница, како и на многу други претходно започнати проекти. Сите тие чекаат да го видат светлото на денот, кое за жал, можеби ќе се случи дури во втората половина од мандатот на градоначалникот.