Девет луѓе загинаа откако мал авион кој превезувал параглајдеристи се урна во северна Шведска.
Авионот од типот „гипсаеро ГА8 ервен“, популарен меѓу параглајдеристи, се урна на остров среде реката Уме за кратко време откако полетал од аеродромот во Умеа. Сите загинати се шведски државјани, објавија властите, додавајќи дека нема преживеани.
Авионот полетал од аеродромот во Умеа во неделата по 13:30 часот и испратил аларм во 2.12 часот, кратко време пред да се урне.
Причината за несреќата засега не е позната и сведоци изјавија дека авионот се урнал во моментите кога некои од параглајдеристите се подготвувале да скокнат.
„Слушнав чуден звук, што не звучеше нормално. Погледнав нагоре и видов авион како се врти. Во прв момент помислив дека е акробатски лет, но набргу видов дека нешто не е во ред“, изјавил сведок.
“Веќе сме на местото на настанот со спасувачки тим кој им помага на амбулантните возила и отворивме место за движење, заедно со хуманитарни организации, за да им дадеме психолошка и социјална грижа”, изјавил Кони Кварфордт, од локалните спасувачки служби, за шведски портал.
“Тоа е падобрански авион, и нешто се чини дека се случило веднаш по полетувањето”. – додаде Кони.



