• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Димитар Апасиев – “Тука сме да ве напаѓаме, а не да се браниме. Дојде времето нашиот свет да стане против вашиот! Овој пат до крај “

август 25th, 2018 Македонија коментари 987

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

“ Натофундаментализмот во Македонија, инициран и поттикнуван од една самонаречена елита на „социјалдемократите“ и слични сателити кои гравитираат „лево од центарот“, е моментно најголемиот современ непријател на Републиката! Сакајќи оваа штетна и фејкерска појава да ни ја прикажат како „спасоносна операција за државата“, овие интелектуални Сороспии се унижуваат до сопствено непрепознавањe и бесмисла, само и само да си ги одработат однапред штедро платените надници. Во овие карикатурални ликови ја гледаме сета нестварност на човекот и сета стварност на нечовекот.

Сите овие проамерички аргати кои се одмочуваат од само една насмевка на некој странски амбасадор – камуфлирани во разно разни професори, уредници, новинари, колумнисти и други „сатанисти“ (замаскирани во аурите на разно-разни фрчковци, најчевци, геровци, тричковци, ордановци, ружиновци, кабрановци, кокалановци, ероловци, гораневци, денковци, јаневци и други слични борјаневци) – ја вознемируваат широката публика, како наводни „опинион-мејкери“, со божемни апокалиптични сценарија во случај на неуспешен референдум, не можејќи да сфатат дека баш тој неуспешен референдум е спасоносен за Републиката и првата почетна точка кон нашата посветла и просперитетна иднина, која зависи од нас самите.

Доколку не успее референдумот, Македонија во перспектива ќе влезе во ЕУ со нејзиното уставно име и никако поинаку!

НАТО приказната тука ќе биде завршена, бидејќи и онака Македонија не е земја со атлантска, туку со европска култура и историја. Впрочем, Тито тоа најдобро го знаеше, па затоа ги направи „Неврзаните“.

Ова гнасно пропагандно користољубие на горенаведениот соросписки хор, сиот нивен предреферендумски дилентантизам со кои одработуваат за сумите со кои се преплатени и за жиро-сметките за кои се опсесивно лукративно врзани – слободно можеме да го сместиме во категоријата на антинародна публицистика. Највисок степен на професионално и персонално унижување е кога ќе видиш „успешни луѓе“ кои до април тврделе едно, како од мај имаат дијаметрално спротивни ставови, за едно исто идентитетско прашање – фундаменталното прашање за самоопределување на народите! Тоа е свето и неприкосновено право за кое се воделе народно-ослободителни и антиколонијалистички војни насекаде низ светот, но за овие петоколонаши и квислинзи нема ништо свето, сè е бруто или нето.

Со истите овие шарени лаги и излитени фори за ЕУ и НАТО нè лажеа кога се распаѓаше Југославија; истите шарени лаги ги слушавме кога си ги продаваа државните фирми во криминалната приватизација; истите лажги со опашки ги имаше за време на граѓанската војна во 2001, истото ова го имаше за време на територијалната поделба 2004, истото го има и денес, додека си ги местат тендерите и си ги запослуваат швалерките!?

Триесет години реприза! Триесет години фабрикувани будалаштини, додека пола држава се исели во нормалниот цивилизиран свет, за нивните деца да работат „државно“. Вашите деца сега се далеку од корумпираните елити на комуњарите и вмроидите, но се далеку и од вас – токму заради ваквите профитерски непрокопсаници.

Оваа црвенобуржујска клика, која уште од времето на Југославија е научена на привилегии, ќе стори се истите да ги зачува! Немојте во тоа да се сомневате. Овие системски конвертити паразитираат во секој режим, умешно верглајќи ги своите научени стихотворенија. Тие не даваат ништо друго освен празни зборови, а сакаат другите да дадат сè. Затоа социјалдемократијата зборува „а-ла-Тарзан“ англиски, а народот си цепа вулгарен македонски. Ете, затоа ние не се разбираме. Овие патријарси на милитаризмот, кои не ни прават разлика помеѓу ЕУ и НАТО, го убедуваат осиромашениот и испокраден плебс, кон кого гледаат со одвратнотилук и висока доза на презир, дека е „набањат и недугав“, па затоа треба влечен за уши да излезе на претстојниот илегален референдум за самоукинување. Ох, каква детинеста наивност од страна на овој опортунистички џган. Нивниот владин догматизам кон Јенките не може да се смисли без мантрање.

Нема политички супстрат, ама има мантра! Мантри и само мантри: „НАТО ќе не брани, ЕУ ќе не храни“ – велат нивните мозочно заѕидани медиумски папагалчиња. Притоа, тие не ја гледаат општата изопаченост, алиенираност и декадентна расипаност на новопечените јавни функционери и директорчиња, кои нема ден, а да не направат скандал од национални размери. И тоа на наша сметка. Со наши пари! Ова свесно фалсификување на реалноста го прават купени за ситна и не толку ситна кешарија. Без грам кредибилитет ги верглаат научените рефрени на семинарите, како вечити драскања на тастатурата и твитовите во виртуелниот свет во кој живеат. Овие шверцери на сопствените животи и апологети на силата наспроти Правото, кои за личен профит се спремни дури и да се самоукинат и испарат, ја создаваат нечовечната стварност во која битисуваме сите ние. Контаминираат, плашат, стигматизираат, етикетираат, навредуваат… И очекуваат да не им биде реципрочно возвратено. Побеснети се затоа што операцијата „самоукинување“ не им оди со планираната динамика.

Слободоумниот, разумен и обичен народ дава непредвидлив и неочекувано јак и стихиен отпор, олицетворено преку разноликоста на движењето #Бојкотирам! Тоа ги шашардисува нивните редови и ги прави здивени, со пени на устите. Тоа се таков калибар на луѓе, кои – да претпоставиме дека сме во НОБ за време на Втората светска војна – би ги презирале „парталавите и идеалистички настроени млади партизани“ и истите би ги предале на спастрените и цивилизирани окупаторски наци-војници. Тоа е таа структура на луѓе од која се срами секој чесен и воспитан човек.

И тие сега нам ни велат: „Вие сте ретроградни елементи“!? Ние кои го носиме пламенот на Револуцијата против Стариот режим на груевизмот, кои ги гаиме идеалите на непокорот и борбата за подобро утре, кои си ја ставивме главата в торба кога беше противправната претседателска аболиција на криминалците, кои сме спремни да изгинеме сите до еден за левичарската кауза во која веруваме, кои уште се влечеме по судниците на „реформираното судство“ – е токму ние нема да дозволиме да нè доведете во дефанзивна позиција! Достоинствено и неподмитливо одбиваме тоа да ви го допуштиме. Тука сме да ве напаѓаме, а не да се браниме. Дојде времето нашиот свет да стане против вашиот! Овој пат до крај. Ако треба и преку нова есенска Црвена револуција, во случај да го лажирате народниот гнев кој тлее.

Оти, сама се дига фуријата. И немојте да се сомневате во моќта на нашиот пркос! Бидете сигурни: ќе ја пресечеме секоја рака што ќе се осмели да го изманипулира народот. Ете затоа #Бојкотирам. Оти пролупаната социјалдемократија веќе не е секси, другари! Берете памет и поздрав од Јакобинското крило.”

Автор: Димитар Апасиев

Превземенод од: Антропол.мк

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Тања Каракамишева - " Чул ли Таљо што е непосредна демократија?"
Следна објава Стевчо Јакимовски - "Сме ги викале предавници! А, што се ако не предавници? Тие не продадоа како овни за Курбан.
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 561
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 541
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 531
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1190
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 320
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 558
Жена на денот
Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

1038
Маж на денот
Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

2072
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4272
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија
Македонска бесмртност

"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија

Јул 5th, 201919
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање
Матна Брегалница

Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање

Јун 3rd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.