• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Стевчо Јакимовски – “Сме ги викале предавници! А, што се ако не предавници? Тие не продадоа како овни за Курбан.

август 25th, 2018 Македонија коментари 687

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

“ Со грчкиот договор и со притисоците што ги вршат врз нас Македонците, ни дојдоа преку глава. Притискаат од сите страни, и внатре и однадвор. Битно им е да си го решат нивното прашање: – Да го заокружат јужното крило на НАТО. Притоа, Македонија ќе биде тешко оштетена, и нив не им е гајле. Цехот ќе го плати послабиот – не Грција, туку Македонија. Зошто? Затоа што денес нема кој да не брани. Тие што мислиме дека ни се сојузници и пријатели, тие се наши разнебитувачи. Денес, при држава, Влада, Претседател на Република, војска, полиција, меѓународно признати – повторно не разнебитуваат. Сме ги викале предавници! А, што се ако не предавници? Тие не продадоа како овни за Курбан. Ајде да видиме како еден Србин со Еврејско потекло, роден во Белград ги брани Македонските ставови на мировната конференција во Париз 1946. година.

Верувале или не, тоа е големиот Моша Пијаде. По професија сликар, новинар, основач на „Танјуг“, еден од главните креатори на одлуките на второто заседание на АВНОЈ и творецот на првиот Устав на ФНРЈ. Тој е погребан на Калемегдан, покрај народниот херој Иво Лола – Рибар, секретарот на КПЈ Ѓуро Ѓаковиќ и генералот Иван Милутиновиќ. Ова намерно го пишувам за да помладите генерации го разберат значењето на Моша Пијаде за белградската, српската и југословенската историја.

Во натамошниот текст го цитирам говорот на мировната конференција во Париз од избраните списи, том прв, книга четири на Моша Пијаде. Посебно е интересен делот под наслов „За прашањето на грчко-бугарските граници“ од страна 234 до 241. Во својот остар говор, на барањето на грчката делегација за проширување на нивните граници во длабочина од 60 километри и во должина од 480 колометри, се разбира на север, Моша Пијаде им одговара многу аргументирано.

Тој вели:

„Територијата која ја бара грчкиот империјализам се дели на два дела, источно и западно од реката Места. Територијата западно од Места е оној дел од Македонија кој при делбата на таа несреќна земја помеѓу Србија, Бугарија и Грција бил даден на Бугарија. За да ги заштитат границите на словенска Македонија која Грција ја држи без било какво право, Грција бара да присвои уште еден дел од распарчената Македонија. До 1912.година Македонија со уште други провинции е дел од европска Турција, македонскиот народ живееше под отомански јарем во најназадни услови окаменет во источниот феудализам (така вели Моша Пијаде). Тие услови достојни на средниот век направија да задоцни процесот на формирање на Македонската нација. 1903.година дојде до вооружено востание на Македонскиот народ, но јуначката борба кој тој (народот) ја водеше неколку месеци е задушена во крв (Моша Пијаде кажува дека Илинденското востание е Македонско, а не како Заев и Борисов што се договориле да биде бугарско). Од тој момент почнале владите на трите соседни балкански држави акции во Македонија со помош на банди кои тие ги плаќале. Настанала кавга за тоа кој има право на Македонија, одбивајќи на Македонскиот народ да му се признае својство на независна нација како на останатите балкански народи. Секој сакал дел од Македонија да приклучи и да не им признае на Македонците право на сопствен национален живот. Така дојде ден кога балканските држави направија сојуз против Турција, ја ослободија Македонија но и ја поделија помеѓу себе на три дела кои и денес постојат. И ете, таму каде што грчката влада држи важен дел од Македонија населен со словенски Македонци која спротивно на правото за самоопределување на народите бара да обезебеди таа неправично стекната сопственост, и тоа со приклучување кон Грција на уште еден дел од словенска Македонија, каде целото население – како и во Егејска Македонија – тежнее кон слобода и национално обединување.“

Внимавајте добро што сега Моша Пијаде како Србин со Еврејско потекло вели за Македонија:

„Како претставник на земја која имала мудрост и храброст да по ова прашање раскине со шовинистичките тенденции и доброволно го призна Македонскиот народ и неговото право да се организира во слободна нација, каде сите народи помогнаа со сите сили ТАА ПРАВЕДНА СТВАР да се оствари. Затоа, протестираме против секаков обид на грчката влада да по така свирепо и крваво ропство кое речиси 40 години го поднесуваат 100.000 – на илјади Македонски словени во Грција и кои сегашниот режим ги дотера до врвот на свирепоста, сака да го додаде и ропството во Пиринска Македонија (затоа што Грците го барале и делот на Пиринска Македонија). Ако имало горко искуство во модерната историја на балканските народи, тогаш сигурно делбата на Македонија била погорчлива од сите. Балканските народи се колеле меѓу себе за да ја разделат Македонија која така стана главна причина за нивните непријателства но и вистински пекол за Македонското население. Време е да престане трагедијата на овој вреден народ, време е ова болно прашање да се реши на начин кој на овој народ ќе му дозволи да се обедини во својата етничка целина и ужива слобода и независност која денес ја ужива само во Народна Република Македонија под закрила на Југословенската Федерација. Српскиот народ има свое сопствено горко искуство во Македонското прашање, но денес е среќен што доброволно ја даде целата можна помош за создавање на слободна Македонија. Српскиот народ, а со него и сите југословенски народи не изгубија ништо, затоа што ги отфрлија старите шовинистички аспирации и ја помогнаа НОБ во Македонија. Поради тоа, поставувајќи прашање за Егејска Македонија која денес преживува најтрагични денови во својата историја под бруталното угнетување, Југословенската делегација е целосно свесна дека придонесува во голема мера за конечен мир на Балканот. Ние не се плашиме од обвинувањата кои претставниците на Грчката влада несомнено нема да пропуштат да ни ги натоварат поради поставување на ова прашање. Наш идеал е безбедноста и прогресот на сите народи на Балканот да се оствари и преку правото на Македонскиот народ да му се признаат исти права и слободи, и национално обединување како тоа го бараат и другите балкански народи.“

Посебно е интересен делот каде што Моша Пијаде грчките хегемонистички аспирации ги споредува со нацистичките, па вели:

„Јас веќе имав прилика да констатирам пред пленарната конференција, а грчката делегација не ме демантираше. Дека бараат делови од Албанија, Бугарија и Југославија. А тоа значи, тек што навек е пресечен германскиот ‘drang nach osten’ тој добива замена во грчките барања за продирање на север обновувајќи ја желбата за византиско царство.“

Од сето ова може јасно да се заклучи дека шефот на Југословенската делегација на мировната конференција во Париз многу добро ги отсликал приликите во Егејска Македонија, хегемонистичките аспирации на тогашната грчка влада, како и теророт кој бил направен врз Македонското население. Тој укажал на словенскиот карактер на Македонија, дури и во својот говор им одржал лекција дека етничките граници на Грција се многу блиску до морето, останатите делови се Македонски. Ја бранел Бугарија како поразена земја во Втората Светска војна од грчките аспирации, не за да ги заштити Бугарите туку да не дозволи Пиринска Македонија каде доминатно е Македонско население, потпадне под Грција. За Илинденското востание јасно се изразил дека е Македонско, и целосно ја отсликал трагедијата на Македонскиот народ, поделен по Првата и Втората Балканска војна.

Е, не може Моша Пијаде да биде поголем Македонец од нас Македонците. Е, не може Србин да ја кажува вистината, а Македонец да потпишува срамни договори и да прифаќа лаги. Не може ниту тој, ниту било кој друг, да не тера да излеземе на референдум и да се еутанизираме. Овие заложби на Моша Пијаде не обврзуваат на 30.септември кога ќе биде референдумот да си правиме ајвар.

П.С. Заборавив да напоменам дека Моша Пијаде од 1913 до 1915. година бил наставник по цртање во Охрид.

Значи живеел со Македонците и целосно ја осознал посебноста на Македонскиот народ. Овој југословенски великан е резервен генерал-мајор, го организирал востанието во Црна Гора, бил член на Врховниот штаб на Тито, а по војната Претседател на владата на Југославија и претседател на Собранието на ФНРЈ.

Починал во Париз 1957 година на враќање од службен пат од Лондон. Значи се работи за исклучително образована личност со широки познавања на културата, уметноста, историјата, правото и одлични дипломатски вештини. “

 

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Димитар Апасиев - "Тука сме да ве напаѓаме, а не да се браниме. Дојде времето нашиот свет да стане против вашиот! Овој пат до крај "
Следна објава Крсто Мукоски - " Ќе докажеме дека сме чесни граѓани"
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 157
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 149
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 163
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 706
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 174
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 213
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 55
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 127
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 154
Жена на денот
Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

3968
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1079
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Стари Македонски поговорки во северен манир во интерпретација на Владо Јовановски
Македонија

Стари Македонски поговорки во северен манир во интерпретација на Владо Јовановски

Авг 7th, 201919
Имиња запишани во Македонската вечност со златни букви: 20 ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ КАЈ ВЕЈЦЕ ─ „СИТЕ ЌЕ ИЗГИНЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА…“ ─ СПОДЕЛЕТЕ
Македонија

Имиња запишани во Македонската вечност со златни букви: 20 ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ КАЈ ВЕЈЦЕ ─ „СИТЕ ЌЕ ИЗГИНЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА…“ ─ СПОДЕЛЕТЕ

Апр 28th, 202119
Причините за застојот на работата на собранието се одговорност на власта
Политика

Причините за застојот на работата на собранието се одговорност на власта

Сеп 7th, 202019
Пред Стефан Душан и Стефан Милутин бил Македонски цар
Македонска бесмртност

Пред Стефан Душан и Стефан Милутин бил Македонски цар

Сеп 23rd, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.