Во продолжение интегрално го пренесуваме ставот на Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево, Горанчо Тодоровски во врска со претстојниот референдум за промена на името и уставот на Република Македонија:
Почитувани браќа и сестри,
На една недела пред претстојниот референдум на 30 септември, сакам да споделам со сите Вас дека јас ја донесов мојата одлука која гласи:
НЕМА ДА ИЗЛЕЗАМ ДА ГЛАСАМ!
Нема да излезам да гласам бидејќи не се гласа за ЕУ и НАТО, ниту за Европска Македонија, туку се гласа за Северна Македонија, односно за промена на името на нашата Татковина и за укинување на нашиот идентитет, нашиот јазик, нашата историја и нашата култура.
Не го подржувам капитулантскиот договор со Грција и не му давам легитимитет на велепредавството кое се прави на Македонија и македонскиот народ од страна на наметнатата и ненародна власт.
Секој од Вас има доволно време да донесе правилна одлука. Едноставно ПОСЛУШАЈТЕ ГО СРЦЕТО и тоа ќе Ве однесе да застанете на страната на вистината, на страната на Татковината. Само единствени ќе ја сочуваме Република Македонија, ова свето парче земја за чија слобода се бореле генерации и генерации борци и кои ни оставиле аманет да ја чуваме и браниме и таква да им ја предадеме на нашите поколенија.МАКЕДОНИЈА Е СЕ ШТО ИМАМЕ!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА!
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ!Искрено Ваш,
Горанчо Тодоровски


