Во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” беше одиграна урнебесната театарска комедија “Умри машки” во изведба на демиркапискиот театар “Мирка Гинова”, како дел од богатата програма организирана по повод одбележувањето на Денот на градот 8 Ноември.
Театарска комедија “Умри машки” е работена по текст на Алдо Николај, во режија на Томе Атанасов, а пред неготинската публика играа добро познатите актери на театарот од Демир Капија.
Љубителите на театарот уживаа во претставата .


