„Најдоброто од гимнастиката“ за 2018 година со местоположба во Виница. Еден од најбогатите градови во источна Македонија со спортски таленти. Меѓу наградените беа и виничанките Јана Николова, која беше најдобра во јуниорска конкуренција, како и Патриција Костадинова, која се истакна во конкуренција на помладите пионери. “ Учам прва година во Штип, 5 години тренирам гимнастика. Моите планови се да продолжам со гимнастиката, па ќе видиме понатаму. Сакам да учествувам на такви натпревари, и ќе продолжам да учествувам”
– вели Јана Николова.
“ Во Битола и Благоевград освоив прво место”
– вели најдобрата гимнастичарка во пионерска конкуренција Патриција Костадинова.


