Ова е “Државната библиотека на Викторија”!
Бесплатно е членството и користењето на цела литература и сите нагледни и технички средства! За секој граѓанин. Дури и за странци! Во библиотеката може да се најде се што се издало по светот. Буквално. Ако го нема, можете да го кажете насловот и издавачот а тие ќе го купаат за вас со нивни пари и ќе ви го достават на читање! Тука нема само книги, во хартиена форма, тврдо печатени. Книгите одамна не се само “хартиени“! Има беспалтни деск топи, лап топи и таблети. Бесплатни скенери и печатари. Бесплатни аудио и видео студија. Можете да снимите, измонтирате и испратите звук или слика. И безплатен интернет, се разбира! Тука е бесплатната служба за совети и технички услуги. И уште многу други бесплатни работи! Отворено е постојано. Само за вас. Сакав да направам неколку репортажи за тоа што се видов и што се ми престои на видам на целиот континент Австралија и Нов Зеланд. Почнав од државната библиотека. Инаку во Мелбурн има уште десетина библиотеки. Градски, локални и универзитетски. Зошто почнав од библиотеката? За да ви кажам дека во тие библиотеки студираат и се образоваат неколку десетици илјади македонци! Да, да, драги мои! Вие, уште можете да си мислите дека овие кенгури тука чистаат нужници, штават кожи и лијат железо! Знам дека пропагандата на црвената буржуазија во Македонија уште работи со полна пара да ги прикаже Македонците во дијаспората како проста и примитивна раја која само се вози со “басот” и “карот” од дома до работа, јаде печени пиперки за вечера, вее знаме со сонцето од Вергина и ја пее “Бисер балкански”! Јас тука, такви не сретнав. А сретнав многумина. И, да ве разочарам драга моја мизеријо неписмена комуњарска! Ова се образовани, самосвесни, осознаени и реализирани луѓе со по најмалку една универзитетска диплома. Овде е нормална работа мастерот и докторската дисертација. Никој не паѓа во несвест. Тука доктори на наука се бизнимени, адвокати, трговци, новинари и политичари! Можете да се мислите за што сакате, но вие сте инфериорни пред знаењето и моќта на оваа генерација иселеници. Сите тие зборуваат по најмалку два јазика? До триесет и петата имаат своја куќа, имот и иднина. Од чесен труд. Тука за крадење се оди во затвор! Тука нема приватизација на државни фирми и наместени тендери на браќа, сестри, снаи и золви. Нема тука државни фондови за иновации на семејни бизниси. За да го заработиш милионот треба добро да да се запотиш. И во снагата и во умот! Тука, оние кои вие ги исмевате се конкурираат со светот. Во сите сфери. Во економија, политика, социјала, спорт и кулутра! За нив овде конкуренција е сето англиско говорно подрачје на ова планета, а не две-три тајфи од Табановце до Гевгелија. Овие тука, во огромно мнозинство не се “ваши”! Со вас немаат никаква идентификација. Како што немате ни вие си нив. Затоа, не губете си го времето подучувајќи ги на било што. Вие нема што да ги научите. Не трудете се да ги надитрите оти поумни се од вас во секој смисол. Не кажувајте им што треба да прават оти си знаат тие и без да им се кажува што е за правење а што за растурање! Се образовале да можат да определат вредности! Би сакал само да ги поттикнам да го препознаат моментумот дека е време “империјата да го врати ударот”! Се надевам дека ќе разберат дека сето знаење и емпирија стекнато во онаа библиотека ќе го поделат со нас! Дека ќе се вратат назад во Македонија, макар за некое време, за да ве раскурчат неповратно и до крај! Ама онака, како да ве прегазило стадо лути боксери – кенгури!


