Битолскиот главен жандармерист полковник Албера кажува после масакрот во Загоричани:
“Како офицер од италијанската армија имам учествувано во многу битки со дивите африкански племиња. Често пати се случувало да бидат запленети наши војници и убиени од африканците.Но колеж со таква префинета жестокост не сум видел досега и не можам да најдам зборови со кои би ги класифицирал авторите на ова големо злодело”.
Бугарскиот трговски агент Андреј Тошев, во тајна дописка до бугарското министерство пишува:
” Тие, руските и австриските конзули и италијанските офицери Албера, Гастолди и Манера се потресени од тоа што го видоа таму. Низ улиците, крај црквата, насекаде лежеа трупови, масакрирани и обезличени.
Имало петгодишни деца со распарани стомаци, жени убиени со расечени раце.
На некои черепите им биле скршени и мозокот истечен, на други очите извадени, рацете и нозете исечени. Еден од селските свештеници, 60 годишен старец, неговото тело било целото со рани.
Едно цело семејство е убиено со бомби, кои биле фрлени директно во куќата преку оџакот и преку две големи отворени дупки.
Таткото, мајката и двете деца се ужасно масакрирани од двете бомби. Најмалото, петгодишно детенце, сакало да избега преку вратата, но било распарано од бајонетот на грците.
Рускиот конзул плачеше кога ми кажуваше што видел таму.
Австрискиот конзул одвај ги задржуваше солзите. Тие рекоа и дека не виделе такви ѕверства ни од турците после востанието.
Конзулите додадоа и дека миризбата од полураспаднатите тела на убиените, криците и лелекањата на останатите живи можеле да ја скршат душата и на оние со најладни срца.
Потресно сведоштво за ѕверствата на грчките андарти врз Македонците во Загоричани


