Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Радовиш.
Мицкоски пред присутните посочи декана овие избори се одлучува за иднината на Македонија, и се нудат два различни концепти, едниот на СДСМ каде власта се богати на грбот на граѓаните и другиот на ВМРО-ДПМНЕ за богати граѓани и достоинствена, принципиелна и честита Република Македонија.
Вие нудите иднина откажувајќи сте од минатото, кое што како сидро ве влече не давајќи ни да мрднете милиметар кон иднина, за нас минатото, нашата традиција и обичаи се наша гордост и заедно со нив ќе грабиме кон вистинска европска иднина, нашето минато е нашето едно. Ние со граѓаните комуницираме на начин со тоа што им се обраќаме со браќа и сестри, со добри луѓе, а вие заедно со Стево најпрвин ги нарековте стока, а потоа ги нарековте сурати,
-истакна Мицкоски.
Тој од жителите на Радовиш побара поддршка за професорката Гордана Силјановска Давкова затоа што таа е најинспиративниот професор, заштитник на правото и законите, борец против неправдите и секогаш кога Македонија била во искушение таа застанува на браникот на одбрана на идентитетот и татковината, за разлика од Пендаровски и СДСМ кои крадат и тргуваат со татковината.
Украде кампања, ама не престанува, продолжува да краде работи, па гледам во еден од нивните спотови го ставиле великанот Блаже Конески, човекот кој што викаше дека името ни е свето и сакаат да ни го земат. Тие луѓе го земаа името, идентитетот и достоинството и честа и бесрамно се гордеат со тие луѓе. Честита Македонија допрва доаѓа, народот ќе си ја земе во свои раце,
-потенцираше Мицкоски.
На повиците на СДСМ за откажување од минатото , Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажува баш од никој, од ниту од еден кој што е дел од било која генерација, еден за сите, сите за еден.
Подготвен сум се што било направен спротивно од волјата на народот, кој работи и греши и подготвен сум да го прифатам на себе, подготвен сум да водам и да понудам решенија за подобра иднина и честита Македонија. Но тоа што било доброи и било корисно, а имало илјадници проекти подготвен сум да ги усовршам, проширам надградам да понудам дополнителна иновација и сето тоа да го понудам на граѓаните,
-кажа Мицкоски.


